Марш на еднаквоста

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“.

 |   | 

Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), Црвен крст Охрид организира марш на еднаквоста „Мозаик“ под мотото „Секое камче е скапоцено“.

Целта е со овој марш да се поттикнат луѓето на заедништво, слога, еднаквост, хармонија, љубов и меѓусебно разбирање. Да ги оставиме поделбите зад нас, да покажеме дека нашата животна заедница е поубава кога сите живееме заедно во слога и пријателство, да ги надминеме предрасудите кои луѓето ги делат по вера, националност, боја на кожа.

Маршот ќе се одржи во петок, 3 мај, со почеток во 13 часот, а ќе се стартува од три различни локации во градот и тоа:

– Плоштад „Чинар“
– „Кеј Македонија“ (Хотел Ројал)
– Црквата „Св.Софија“

Учесниците на Маршот ќе се движат до градскиот плоштад , каде што официјално ќе биде прикажан видео перформанс реализиран од ПХВ тимот на Црвен крст Охрид со деца од различни етнички групи. На плоштадот „Св.Климент Охридски“ Ќе бидат изложени и ликовни творби од учениците на ОСУ „Св. Климент Охридски“ .Да ги сплотиме и вградиме различните во еден прекрасен МОЗАИК!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top