Post Views: 2
Швајцарскиот весник „Tribune de Geneve“ ја раскажува необичната случка кога една мајка го купила детскиот магазин за боење „Dessin“ (Цртање), кој излегува секои три месеци и се продава во тираж од околу 10.000 примероци во сите франкофонски земји во Европа.Мајката сакала да им ја подари боенката на своите ќерки на возраст од 10 и 16 години.Претходно, добронамерната мајка ја отворила целофанската амбалажа во која е спакуван магазинот-боенка. Покрај боенката во амбалажата има уште и водич како да се научи да се црта, плус боици, јаглен за цртање, гума и перодршка. Се...
Post Views: 4
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.И.(63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.
На 27.01.2022 година, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници кај селото Подмолје сопреле патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски таблици, кој пријавениот го управувал, а бил во сопственост на правно лице од Охрид. Притоа, констатирале дека тој, врши превоз на патници на релацијата Охрид-Струга без лиценца и без друга соодветна документација за превоз на патници во внатрешниот...
Post Views: 10
Расказот „Гладоморје“ под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ за Живко Чинго до жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, пристигнаа 78 раскази од кои 7 не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот.
Жири комисијата избраа десет раскази во поширок и четири раскази во потесен избор....
Post Views: 3
Според зборовите на судијата Ким Хегер, во текот на сослушувањето норвешкиот атентатор Андерс Беринг Брејвик споменал уште две терористички ќелии кои биле активни во Норвешка. Осомничениот, меѓу другото, тврдел дека имал и соработници, кои се’ уште се на слобода. Дали станува збор за фантазии на пореметен напаѓач или Брејвик навистина бил поврзан со десно-екстремни елементи во Норвешка и во Северна Европа?Во манифестот, што го објави на интернет, Брејвик пишува за „80 поединечни маченици“ кои би можеле да бидат активни во странство. Неговиот адвокат овие наводи ги потврди....
Post Views: 14
Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 21 степен.
Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.
До крајот на неделата максималните дневни температури ќе бидат од 20 до 23 степени.
Post Views: 0
Пристигнаа хуманитарни пакети наменети за охридскиот Центар за сензорна терапија на Здружението за аутизам „Во мојот свет“. Бугарската амбасада во земјава донираше хуманитарна помош од Бугарската Влада за земјава. Покрај, социјани пакети за град Скопје, се обезбедени и 30 пакети со основни прехранбени артикли за семејствата во социјален ризик за охридски семејства кои се погодени од последиците на пандемијата од Ковид 19, рече Ангел Ангелов, Бугарски амбасадор во земјава.
„Особено за социјално загрозените семејства. За време на таа пандемија тие најмногу ја чувстуваат...
Post Views: 1
На последниот состанок на групата Билдеберг, која многумина ја сметаат за светска влада во сенка, детално биле анализирани Кина, Ирак, Русија и кризата во ЕУ и заклучено е дека населението на планетата се намалува пребавно за што алтернатива е нова светска војна.
Медиумите изнесуваат претпоставки дека оваа моќна група, во која членуваат сегашни и поранешни политичари, банкари, аристократи и бизнисмени, зборувала и за ширење на воение дејствија на Блискиот исток и во северна Африка. На состанокот во Сент Мориц, кој како и секогаш бил затворен за јавноста и добро обезбедуван,...
Post Views: 19
Жителите и сопствениците на стопански објекти на улицата „Абас Емин“ до Општина Охрид и градскиот совет доставија петиција за бавното одвивање на градежните зафати на улицата.Тие посочуваат дека се задоволни што после долги години и по многуте најави и ветувања, конечно започна реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница во Охрид, но сепак велат дека на терен има застој или работите се одвиваат пребавно.
Свесни се, велат, дека е потребна трпеливост и соработка но бараат разбирање и од градските власти дека улицата е во хаос кој предолго трае и бараат да се преземе...
Post Views: 9
Командирот на полициската единица во акцијата на островот Јутоја, Хаавард Гаасбак го раскажал критичниот момент, кога локалните чувари на редот помогнати со специјалци, дошле на брегот и ги чуле истрелите од огнено оружје, кои доаѓале од јужниот дел.
“Истрелите доаѓаа еден по друг. Теренот беше многу специфичен и не се гледаше јасно. Но, кога се приближивме, неочeкувано го видовме пред нас убиецот. Ги држеше рацете на главата“, раскажал полицаецот.
Неговото сведочење открива дека 32-годишниот злосторник бил одлучен да се предаде и да избегне вооружена престрелка со...
Post Views: 1
Силниот дожд кој утрово наврна во Охрид поплави делови од градските улици, а предизвика и излевање на канализациони шахти. Атмосферската канализација не можеше да ги прими обилните дождовни води. Екипите на Нискоградба се справуваа со зголемен број интервенции на терен, информираат од ЈП. На поголем дел од територијата на градот, и понатака атмосферските води како што е дождовницата од олуците се слева во фекалната наместо во атмосферската канализација. Мрежата на покриеност на градот со атмосферска канализација е околу 30 до 40 проценти.
Екипите на Нискоградба се...
Post Views: 2
Со четири гласа „за“ и четири гласа „против“ Државната изборна комисија го одби приговорот на Коалицијата предводена од СДСМ за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите, а со кој се бараше поништување на гласањето на избирачкото место број 2011 во Општина Теарце во Шестата изборна единица.
Претставникот делегиран од ДУИ во ДИК Субхи Јакупи се иззема од гласањето. За прифаќање на приговорот гласаа членовите на ДИК Виолета Дума, Игор Милев, Реџеп Прокупца и претседателот на ДИК Александар Чичаковски, а против Силвана Бонева, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими...
Post Views: 2
Ситуацијата на Косово утрово е мирна, а војниците на КФОР ја презедоа контролата врз преминот Јариње кој вчера беше запален од страна на педесетина српски екстремисти.
Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ изјави дека со командантот на КФОР било договорено на Јариње да бидат сместени единствено војниците на КФОР и додаде дека добил гаранции оти нема да има упади на специјалните единици на косовската полиција. Српскиот претседател Борис Тадиќ ги обвини екстремистите дека со своите непромислени постапки само им прават штета на српските интереси на Косово...