Повлечени детски боенки поради порнографска содржина ?!

Швајцарскиот весник „Tribune de Geneve“ ја раскажува необичната случка кога една мајка го купила детскиот магазин за боење „Dessin“ (Цртање), кој излегува секои три месеци и се продава во тираж од околу 10.000 примероци во сите франкофонски земји во Европа.

 |  Маја Савиќ  | 
detski magazin dessiner
детски магазин Дизајнер

Швајцарскиот весник „Tribune de Geneve“ ја раскажува необичната случка кога една мајка го купила детскиот магазин за боење „Dessin“ (Цртање), кој излегува секои три месеци и се продава во тираж од околу 10.000 примероци во сите франкофонски земји во Европа.
Мајката  сакала да им ја подари боенката на своите ќерки на возраст од 10 и 16 години.
detski magazin dessiner
Претходно, добронамерната мајка ја отворила целофанската амбалажа во која е спакуван магазинот-боенка. Покрај боенката во амбалажата има уште и водич како да се научи да се црта, плус боици, јаглен за цртање, гума и перодршка. Се е во амбалажата, дури и повеќе од што треба. Бидејќи меѓу два совети како да се црта или за уметноста, техниката на перспектива или портрет, таа открива и фотографии кои се многу помалку уметнички.

Слики на голи тела, но не во уметнички пози. Позите биле многу посмели. Се на се 16 страници на групни оргии и слободни сексуални пози. Разбирливо мајката е незадоволна и си замислува што ќе се случеше ако нејзината ќерка ја отвореше ревијата. Таа го контактирала продавачот на весниците, кој по проверката констатирал дека во сите ревии „Dessin“ во киоскот го има истиот проблем.
detski magazin dessiner
Аферата пристигна до издавачот на ревијата во Франција, специјализиран во ревии за лов, риболов, детски изданија и декорација. Но, во никој случај за порно ревии. Дирекцијата го повлече од продажба целокупниот тираж.

Грешката можеби доаѓа од печатницата која најверојатни ги помешала страниците од две различни ревии, ставајќи порно пози во ревија за цртање и сликање.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top