Брејвик сакал да биде фатен жив

Норвешката полиција го опишала драматичниот момент при апсењето на Андерс Беринг Брејвик.

 |  Крсте Голабовски  | 

Командирот на полициската единица во акцијата на островот Јутоја, Хаавард Гаасбак го раскажал критичниот момент, кога локалните чувари на редот помогнати со специјалци, дошле на брегот и ги чуле истрелите од огнено оружје, кои доаѓале од јужниот дел.

“Истрелите доаѓаа еден по друг. Теренот беше многу специфичен и не се гледаше јасно. Но, кога се приближивме, неочeкувано го видовме пред нас убиецот. Ги држеше рацете на главата“, раскажал полицаецот.

Неговото сведочење открива дека 32-годишниот злосторник бил одлучен да се предаде и да избегне вооружена престрелка со полицијата, пишува весникот “Индипендент“, пренесува Нетпрес.

“Оружјето му беше положено на земја на околу 15 метри од него. Еден од полицајците го уапси. Тој не пружаше никаков отпор, туку мирно се предаде. Останатите веднаш почнавме да им помагаме на настраданите“, дополнил Гаасбак.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top