Убаво и сончево време во Охрид до крајот на неделата

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 21 степен.

 |   | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се искачи до 21 степен.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.

До крајот на неделата максималните дневни температури ќе бидат од 20 до 23 степени.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top