Post Views: 4
За следното рочиште, адвокатите на оштетените најавија користење на механизмот присилно приведување на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност.
Уште едно одлагање на главниот судски претрес за глисерската несреќа која пред две години се случи во водите на Охридското Езеро. И повторно, и на ова судско рочиште, не се појави обвинетиот Кристијан Шапкар, како и оштетената и сведок Ивана Шапкар. Адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан не знаеше да објасни од кои причини и двете лица не се присутни на денешниот главен судски претрес. Од судот информација дека обвинетиот...
Post Views: 3
Жителите на селото Глобочица, сместено на брегот на Глобочичкото вештачко езеро, поставија темел на црква посветена на Пророкот Св. Илија. Новата црква ќе биде лоцирана веднаш на самиот брег во близина на некогашната. Со овој православен храм Глобочичани продолжуваат да ја негуваат традицијата на прославување на селската слава Св. Илија која е прекината со изградбата на вештачкото езеро Глобочица на реката Црн Дрим. Со подигањето на хидроцентралата Глобочица селото беше потопено во далечната 1964 година. „Со овој зафат и старата селска црква остана под водите...
Post Views: 3
Жестока реакција на локалната и јавното претпријатие „Билјанини извори“ за обвинувањата од раководството на ФК Охрид 2004. Овој пат на прес конференција ги демантираа тврдењата дека условите за тренирање на стадионот „Билјанини извори“ се лоши. Градоначалникот Петрески со ултиматум до раководството, ако не се извинат-отидоа бесплатните тренинзи.
Обвинувањата на ФК Охрид 2004 дека условите на стадионот „Билјанини извори“ се лоши, не поминаа незабележани. На нив остро реагираше локалната, а особено директорката на ЈП „Билјанини извори“, Гордана Јованоска. Таа вели: „Каде...
Post Views: 9
Претставници од германската КФВ банка во посета на локалната. Гостите од Германија остварија средба со со градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, претставниците на јавните претпријатија, МЈП Проаква, Хидробиолошкиот завод, Заводот за јавно здравје, и Одделението за заштита на животната средина при Локалната самоуправа. Целта на посетата на претставниците на КФВ банката која го кредитираше проектот за изградба на Колекторскиот систем за одведување и прочистување на отпадните води во охридско и струшко, беше да се информираат како истиот функционира.
Гостите...
Post Views: 1
Препознавањето на важноста на историското наследство е клучот за неговото зачувување. Охрид со целата своја историја е неодминлив дел од светското културно наследство кое вреди да биде зачувано. Европската унија во обид да ги зачува културните вредности го започна проектот „Европски вредности и наследство“. Штефан Демпке од организацијата Џирокастро за развој и конзервација вели дека носителите на одлуки во Западен балкан, треба да обрнат внимание на своето културно наследство и да се обидат да спасат нешто што има огромно значење за нив.
„Европскиот град е нешто уникатно,...
Post Views: 4
„Шансите за медал сеуште се тука, охриѓани веруваат во нашите најдобри момчиња и се надеваат на бронзата. Градскиот плоштад и кафулињата претесни да ги соберат сите вљубеници во кошарката кои попладнево го следеа историскиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Шпанија.
„Поразот од репрезентацијата на Шпанија никако не смее да не поколеба. Ние веруваме во нашите најдобри кошаркари, а шанси да се вратиме од Литванија со бронза сеуште имаме“, ова се само некои од коментарите на охриѓани кои оптимизмот никако не ги напушта и покрај денешниот исход од полуфиналето.
Навивачката...
Post Views: 12
Охрид, некогашниот занаетчиски, трговски, верски и културен центар, пополека но сигурно го губи својот препознатлив лик. Од познатата стара Охридска чаршија, за жал сега остана само нејзиното име. Како во филмските сцени, во последен миг се прават обиди да биде спасено нешто од оние автентични занаети кои некогаш биле основен извор на приходи за Охриѓани.
„Занаетчиите се обременети со големи давачки кон државата, се соочуваат со една нелојална конкуренција на готови производи увезени од исток. Од друга страна пак може и немаат некој атрактивен простор за да си ги изложат...
Post Views: 2
Австралија е земја на неограничени можности во образованието. Стототици училишта и колеџи и повеќе од 40 универзитети во Австралија и Нов Зеланд, минативе седум години се достапни за идните средношколци и студенти од земјава, благодарение на агенцијата „Бриџ Блу“. Тие преку своето претставништво од Скопје, нудат професионален сервис и услуга за образование и живеење во Австралија. Што се однесува до далечината, таа сега воопшто не претставува проблем, вели Сашо Грозданоски вработен во агенцијата.
„Далечината мислам дека беше проблем кога ние студиравме, во деведеститте...
Post Views: 1
20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“ во Сараево. Тие постигнаа висок пласман во конкуренција од 48 екипи од поранешните Ју Републики. Младите фудаблери се задоволни од играта и би сакале еден ден да станат славни како и светските фудбалери кои се нивни идоли.
Еден од координаторите на Фудбалската школа „Фер Плеј“, Марјан Настески, е задоволен од постигнатиот резултат во Сараево и од играта на малите фудбалери. Тие во силна конкуренција од 47 противнички...
Post Views: 10
Членовите на А.К. „Патагонија“ од Охрид, Димитри Димитров и Ангел Куртелов деновиве се вратија од кадровската алпинистичка акција во Италија, организирана од страна на Македонската алпинистичка федерација. Охридските алпинисти заедно со аплпинистите Виктор Хаџивасилев и Алекандар Зарапчиев од Скопје, беа дел од ова алпинистичко патување на кое младите алпинисти стекнаа искуства кои како самите велат, се многу различни од оние стекнати тука. „Ова беше совршена можност да се види кој колку напреднал и во кој дел од тренингот треба да работи повеќе, за во иднина да има...
Post Views: 15
Мислевте дека успехот на претпријатијата се мери само преку деловни резултати? Погрешно! Во последно време се поприсутен станува концептот на општествена одговорност на компаниите. Реновирање на спортски центар во Скопје, крводарителски акции, помош на децата од СОС селото, еколошка акција за чистење на брегот на Охридското езеро, засадување на садници. Овие неколку примери на општествено одговорно однесување се дело на Охридска банка од групацијата Сосиете женерал, но се поголем број на компании се приклучуваат во примената на овој солидарен концепт. Зошто?
„Директни...
Post Views: 3
Неносењето на заштитни средства на домашните миленичиња е сериозен проблем. СВР Охрид на ова поле презема интензивни мерки, бидејќи согласно законот за прекршоци на јавен ред и мир, оваа појава предизвикува не само страв туку и опасност кај пешаците посебно кај помладата популација. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека појавата на неносење на соодветни заштитни средства на кучињата како проблем го среќаваат скоро секој ден во нивната работа. Тој потенцира дека една од посериозните активност во нивниот сектор е точно оваа проблематика и поради тоа се преземале...