Старите занаети полека тонат во заборав

Некогашниот препознатлив изглед на чаршиите во Охрид, Битола, Скопје, забрзано избледува. Како давеник за сламка, се прават обиди да се возобноват овие занаети, иако засега со мал успех.

 |  Мишел Наумоски  | 
zanaeti
zanaeti

biseriОхрид, некогашниот занаетчиски, трговски, верски и културен центар, пополека но сигурно го губи својот препознатлив лик. Од познатата стара Охридска чаршија, за жал сега остана само нејзиното име. Како во филмските сцени, во последен миг се прават обиди да биде спасено нешто од оние автентични занаети кои некогаш биле основен извор на приходи за Охриѓани.

„Занаетчиите се обременети со големи давачки кон државата, се соочуваат со една нелојална конкуренција на готови производи увезени од исток. Од друга страна пак може и немаат некој атрактивен простор за да си ги изложат своите производи. Чаршијата како амбиент мислам дека сите знаат што доживува во последните децении. Значи во тој поглед треба строго да се санкционира се она што го нарушува амбиентот на чаршијата и дуќаните и работилниците во кои работат занаетчиите. Денес имаме речиси во симболичен број занаетчии кои го сочувале својот занает.“вели-Оливера Мишева-етнолог Завод и музеј

zanaetОд мноштвото занаети и занаетчии, само дел пронашле свој наследник кој ќе ја продолжи и зачува традицијата. Голем удел во пропаста на занаетите има и нивната непрофитабилност.

„Од занаетчиство да се живее и од уметност е според мене фантазија во денешно време затоа што тие се во изумирање, самото време тоа го кажува, индустриското производство тоа го прави. Е сега само треба голема волја за човек да се занимава со оваа работа, така да се одржува занаетчиството. “-рече резбарот, Анастас Дудан.

Правени се неколку обиди да се заживеат старите македонски чаршии, и да се врати сјајот на занаетчиските работилници. Последниот ваков проект е тридневната работилница со тема: Занаетите и заштитата на културното наследство.

„Овој проект е подржан од европската унија, трае 18 месеци, започна пред извесен период и првата средба беше во Грција, а втората овде во Охрид, главен организатор е невладината МАТА од Скопје која подолго време работи на проекти за зачувување на занаетчиството и неговите вредности и традиции. Вакви проекти и недостигаат на Македонија и се од голема важност од едноставна причина што ќе го вратат сјајот на занаетчиството кое за жал е на изумирање во нашата држава.“ вели Милчо Јованоски од Здружението КУЛТ-ДАМ од Охрид.

Се чини и ние дочекавме во последен миг да спасуваме нешто што сме можеле одамна да го спасиме. И за жал повторно мораше да дочекаме некој од надвор да дојде и да ни каже дека она што го имаме е непроценливо и мора да биде зачувано. Да се надеваме дека во тоа и ќе се успее.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top