Охридските алпинисти на Доломитите

„Ситуациите кои го предизвикуваат интелектот на човекот се оние кои не прават да почуствуваме дека сме живи“, велат алипнистите од охридскиот клуб Патагонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
alpinisti
алпинисти

Членовите на А.К. „Патагонија“ од Охрид, Димитри Димитров и Ангел Куртелов деновиве се вратија од кадровската алпинистичка акција во Италија, организирана од страна на Македонската алпинистичка федерација. Охридските алпинисти заедно со аплпинистите Виктор Хаџивасилев и Алекандар Зарапчиев од Скопје, беа дел од ова алпинистичко патување на кое младите алпинисти стекнаа искуства кои како самите велат, се многу различни од оние стекнати тука. „Ова беше совршена можност да се види кој колку напреднал и во кој дел од тренингот треба да работи повеќе, за во иднина да има соодветен напредок“, вели Димитров.

Треба многу да работиме во делот на техника, на сила затоа што таму има многу деликатни делови, кои за разлика од овде, каде сум се качувал на насокиве низ Македонија се доста потешки, осигурувањето на карпата, тој психолошки страв, таа бариера која ја имаме при самото качување и нормално тоа мора да го решаваме лека-полека“, додава тој.

Изборот на овие алпинисти не е случаен, велат од Македонската алпинистичка федерација и додаваат дека според квалитетот и динамиката на искачувањата акцијата е повеќе од успешна. Доколку пак се земе во предвид дека станува збор за млади алпинисти кои за прв пат качуваат во светски познати алпинистички локалитети, јасно е дека станува збор за многу вреден алпинистички потенцијал од кого  во иднина може да се очекуваат врвни резултати. Проблемите, нивен стален сопатник. Ангел Куртелов, вели дека тоа се ситуации со се сретнале на оваа акција, но тоа се ситуации кои го предизвикуваат интелектот на човекот, и истите оние кои не прават да почуствуваме дека сме живи, додава тој.

alpinistiЕдна која можам да ја издвојам и таа можеби за нас двајца беше можеби и најинтересна една четиристотини метарска насока Пунтафјамес се вика карпата. Уште од самиот старт започнаа проблемите, многу долго траеше пристапот до самиот почеток на карпата, водата се потроши многу бргу, проблеми малку имавме со ориентација на карпата, па јас направив една грешка, во самата насока, па маневри за  да ги исправиме тие грешки кои ги направивме, а на крај тоа е тоа интересното, во качувањето, да има проблемни ситуации“ кажува Куртелов.

„Иако веќе четири години како со Димитри функиционираме како тим, сега за да се разбереме меѓусебе, потребен ни е само поглед, тоа е придобивката од ова наше патување на Доломитите, додава тој. За време на осумдневниот престој во регионот на Кортина Дампецо во Северна Италија, членовите на кадровската акција извршија искачувања на десетина насоки во шест различни алпинистички локалитети, а работеа според програма што беше изработена од страна на Игор и Весна Талевски.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top