Младите фудбалери на ФШ „Фер плеј“ од Сарево се вратија со сребро

20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“  во Сараево.

 |  Валентина Нелоска  | 
fer plej
фер плеј

fer plej20 –мина млади фудбалери кои се дел од Фудбалската школа „Фер плеј“ се вратија со сребрена медалја од учеството на меѓународен турнир „Млади надежи“  во Сараево. Тие постигнаа висок пласман во конкуренција  од 48 екипи од поранешните Ју Републики. Младите фудаблери се задоволни од играта и  би сакале еден ден да станат славни како и светските фудбалери кои се нивни идоли.

Еден од координаторите на Фудбалската школа „Фер Плеј“, Марјан Настески, е задоволен од постигнатиот резултат во Сараево и од играта на малите фудбалери. Тие во силна конкуренција од 47 противнички екипи биле поразени единствено од селектираната екипа на „Партизан“ од Ужице. По низата постигнати успеси сега се подготвени за нови спортски предизвици.

fer plejГрадоначалникот Александар Петрески на средбата со младите фудбалери и нивните тренери истакна дека градската локална самоуправа ќе го поддржува спортот во општина Охрид и понатака како и досега. При тоа градоначалникот им врачи дресови со лога на клубот и на Локалната самоуправа. Петрески им порача на фудбалерите да бидат вредни и дисциплинирани за да постигнат успех како  и светските познати фудбалерски имиња.

Фудбалската школа „Фер плеј“ постои скоро 2 години и има 24 фудбалери  на возраст од 6 до 14 години. На меѓународниот турнир во Сараево учествуваа фудбалери од оваа школа од 6 до 11 годишна возраст.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top