Кошаркарска треска во Охрид

„Шансите за медал сеуште се тука, охриѓани веруваат во нашите најдобри момчиња и се надеваат на бронзата. Градскиот плоштад и кафулињата претесни да ги соберат сите вљубеници во кошарката кои попладнево го следеа историскиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Шпанија.

 |  Крсте Голабоски  | 
kosharka
кошарка

„Шансите за медал сеуште се тука, охриѓани веруваат во нашите најдобри момчиња и се надеваат на бронзата. Градскиот плоштад и кафулињата претесни да ги соберат сите вљубеници во кошарката кои попладнево го следеа историскиот полуфинален натпревар против репрезентацијата на Шпанија.

ploshtad

„Поразот од репрезентацијата на Шпанија никако не смее да не поколеба. Ние веруваме во нашите најдобри кошаркари, а шанси да се вратиме од Литванија со бронза сеуште имаме“, ова се само некои од коментарите на охриѓани кои оптимизмот никако не ги напушта и покрај денешниот исход од полуфиналето.

ploshtadНавивачката атмосфера започна во Охрид рано. Речиси и да немаше излог во чаршијата кој не беше украсен со задолжителниот декор, македонското знаме. Веќе во попладневните часови можеше да се забележи дека расположението и оптимизмот меѓу охриѓани се на потребното ниво, па градскиот плоштад и речиси сите кафулиња во градот рано пред почетокот на полуфиналето беа претесни за сите оние кои ја изразија подршката за нашите спортски херои.

kosharkaИ покрај поразот во полуфиналето, нашите момчиња одиграа прекрасен натпревар. Останува натпреварот во недела кога ќе се борат за бронзениот медал на Европското првенство со поразениот од вечерашниот втор полуфинален дуел Франција-Русија. А, охриѓани и цела Македонија, веруваат дека нашите најдобри кошаркари овој историски успех може да го крунисаат со медал.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top