Post Views: 0
„Од сите права, најголемо е човековото право на вид“. „Систина Офталмологија“ ја породолжува својата хумана мисија за зачувување на здравјето на очите. Денес во просториите на О.О на „Црвениот крст“ за само неколку часа, беа направени околу 350 прегледи на очен притисок, и тоа не само кај пациенти кои страдаат од ова заболување, туку и кај лица кои сакаа да ја проверат здравствената состојба. Интересот на Охриѓани ги надмина сите очекувања.
Систина Офталмологија како прв хируршки центар во земјава отворен пред 1,5 година, успеа за кратко време да ја постигне целта и...
Post Views: 2
Охридските занаетчии се пред важна одлука. Треба да изберат нов претседател на Регионалната занаетчиска комора. Голем дел од нив сметаат дека поранешното претседателство било крајно пасивно и не ги остварило нивните очекувања и потреби. За десеттина дена треба да донесат одлука кого ќе го изберат од двајцата кандидати. На местото од досегашниот претседател Велјан Филчески на избор чекаат занаетчиите чевларот Сашо Богоески и козметичарката Сузана Наумоска. Занаетчиите од разни профили треба да одлучат кој од нив двајца ќе ја добие довербата за поактивно да ги застапуваат...
Post Views: 0
Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.
Книгата во која беа синтетизирани најуспешните училишни проекти од училиштата од Македонија доби и официјална презентација. Зборникот насловен како „Осигурување на квалитет“ успеа на едно место да собере просветни работници од Кичево, Ресен, Охрид, Струга, Гостивар. Промоцијата...
Post Views: 0
Ново решение или нов проблем? Судбината на охридскиот гигант АД „ЕМО“ ќе се знае за десеттина дена. Вака најави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. После неколку неуспешни обиди да се спаси еден од најголемите загубари во државава, сега владата излегува со нов предлог. Планот за спас на АД „ЕМО“ пред управниот одбор на претпријатието денес беше презентиран од страна на вицепремиерот за економски прашања, Пешевски, и претставници од Министерството за финансии.
„Планот е базиран на идејата онаму каде што ЕМО е сеуште конкурентен на пазарот да продолжи...
Post Views: 4
Три вистински причини за прослава. Стопанска Банка –АД –Скопје пред 15 години, во ноември месец, за прв пат во РМ, ја воведе првата платежна картичка. Пред 10 години оваа банка ја промовира и првата меѓународна ВИЗА платежна картичка, за да во ноември оваа година, Стопанска банка е прогласена за Супер бренд за 2011 и 2012 година од страна на клиентите. Во време кога светот го тресат финансиски кризи, ваквиот континуиран успех не е случајност, вели генералниот директор на оваа банка, Глигор Бишев.„Тоа е макотрпна работа и се разбира суштинска посветеност на нашето лого...
Post Views: 1
Отпочнаа земјените работи на комплексот Плаошник. Ингеренциите за издавање на одобрение за градба одземени и се на општина Охрид и дадени му се на Министерството за транспорт и врски, вели градоначалникот Петрески. Тоа е направено со одлука на Владата со изговор дека тоа е земјиште од национален интерес. Петрески вели дека ваквиот потег на Владата е само уште една потврда дека на граѓаните на Охрид им се прави класично економско ембарго.„Ако е така зошто воопшто бараа пресметка на комуналии, зошто воопшто разговараа. И друго во тоа решение стоеше дека имаме право на...
Post Views: 1
Хит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година.
Директорот на Охридско лето Илија Мојсовски истакна дека на гостувањето на драмскиот театар на Охридско лето, со директорот Бранко Ѓорчев биле договорени гостувања на драмски и вон ремките на Охридско...
Post Views: 22
Нов директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Јордан Трајков, сопственик на приватната винарија „Попова кула“, доаѓа на местото на Зоран Стрезовски, кој оваа функција ја извршуваше од формирањето на агенцијата. Во телефонски разгвор Трајков не информира дека неговото назначување на оваа функција доаѓа после истекот на мандатот на Стрзовски како директор, а истото е резултат на одлука на Владата на РМ. Инаку, деновиве, новоназначениот директор на ова тело оствари работен состанок со хотелиерите и сопствениците на агенции од охридско – струшкиот...
Post Views: 5
Екотуризмот може да биде печат по кој ќе биде препознатлива Македонија. Станува збор за многу погоден облик на туризам, каде преку природните убавини, културно-историските споменици, одличната храна, автентичната музика, амбиентот и архитектурата, ќе се единствена туристича понуда. Само автентичен амбиент може да буде успешна туристичка приказна, вели Лиљана Попоска, претседател на Партијата за Демократска обнова на Македонија.„Цела Македонија има проблем со користењето на европските фондови, ни фали едукација, обука како да ги користиме. Ни фали мрежа на потпора како...
Post Views: 1
Годинава по трет пат се спроведува акцијата под мотото „во природата нема место за отпадоци“ или генерално чистење на паркот од разновиден отпад. Тоа претставува дел од Стратегијата за управување со цврст отпад, која беше изработена во 2008 год, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Факт е дека во минатото на националниот парк не му се посветувало доволно внимание за негово расчистување, вели Ангелоски. Додава, дека проблемот е голем, но со работа веќе се гледаат позитивни резултати на полето за подигање на јавната свест.Во изминативе три години за расчистување...
Post Views: 14
Се отворија портите за спас на Симона Јовеска од Охрид. Малата Мона, која има само четири години и која живее со надеж дека еден ден ќе ја види светлината на денот и рака за рака со своите врснички ќе заигра и прошета низ охридските улици, ќе тргне на пат за спас.
Мајката на Симона лично ни кажа дека благодарение на прилогот емитуван на нашата телевизија многу хумани организации се понудиле да помогнат. И не само тоа, вчера телефонски повик добила и од Министерството за труд и социјална политика од каде ветиле покривање на сите трошоци во Европската клиника во Скопје,...
Post Views: 13
„Виза ви“, охридското балетско студио, на сцена. Во продукција на Ц.К. „Григор Прличев“, во петок на 18 ти ноември во 18 часот, премиерно ќе се изведе детската балетска претстава „Палешка“, во кореографија на Јулија Милески. Влезот чини 100 денари. Директорката на центарот, Драгана Боцеска, е мошне задоволна од подготвеноста на младите за изведба на претставата, која е работена согласно истоимената бајка „Палешка“, наменета исклучиво за најмладата популација.
Средствата за обезбедување на сценографијата и амбиентот ги обезбедило Министерствот за култура, вели Боцеска....