Post Views: 1
„16 дена против насилството”. Во рамките на оваа светска кампања, се одржуваат трибини во десет градови низ Македонија меѓу кои е и Охрид. Истите се организираат на локално ниво од страна на локалните невладини со подршка на институциите и организациите на ОН, присутни во земјава, објаснува Даниела Андоновска од невладината „Македонско женско лоби“.
„Верувам дека со овие кампањи и трибини кои ги спроведуваме дека ќе се подигне свеста на широката јавност на целокупното население на мажите на жените кои во најголем број од случаевите кои се пријавени се всушност...
Post Views: 1
Заштитата на растенијата, пред се на земјоделското производство за нашата држава претставува основна цел. Главно аграрна земја, Република Македонија се соочува со слични проблеми како и земјите во регионот, оттука и решенијата на истите се воглавно слични. 36-то советување за заштита на растенијата кое го организира Здружението за заштита на растенијата од Република Македонија на едно место ги сплоти научните сознанија од областа на земјоделството од целиот регион. Како илустрација за потребата од споделување на овие сознанија е примерот со појавата на карантинскиот...
Post Views: 0
Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе се произнесат за овој комплекс кој се протега на 230.000 квадрати. Градските архитекти тука испланирале капацитети кои им недостасуваат на жителите од овој дел на градот. Покрај сместување на универзитетски и средношколски центар планирана е изградба на амбуланта, црква, трговски и спортски центар најавува раководителот на секторот за урбанизам и просторно планирање, Бранко Арнаудов. „Постојните објекти...
Post Views: 6
Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор.
Регионалната занаетчиска комора од Охрид конечно доби ново раководство. Смената на старото беше долго најавувана, меѓутоа конечно беше официјализирана на вчерашната седница на Собранието на комората. Новиот претседател...
Post Views: 2
Владата попушти. Даде зелено светло за влез на Охрид во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Муждето на градоначалникот му го зедоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е добро вели Петрески, но начинот на кој Владата се пофали најпрво пред своите симпатизери е чиста политика. Градоначалникот е зачуден од начинот на комуникација на Владата. Според него претходно не биле информирани ниту тој, ниту општината, ниту советот иако оваа информација е од интерес на охриѓани. Владата треба да работи за сите граѓани во државава, потенцира Петрески. „Mене ме чуди, а не е...
Post Views: 2
Со одлука на Владата на Република Македонија, на нашата општина и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година, информираа денес од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Конечно Општина Охрид влегува во втора фаза на децентрализација. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денес на јавноста им ја соопштија веста која според нив, „би можела да го пормени текот на развојот на Охрид, како и функционирањето на досега нефункционалната Локална самоуправа“.
„Во неделата на 4-ти декември 2011 година со одлука на Владата на РМ, на Општина Охрид и се овозможи...
Post Views: 7
Закон за спречување и заштита од дискриминација постои во Македонија. Но, сепак, потребно е сите ние да се ослободиме од стереотипите вкоренети кај нас, а дискриминацијата да ја оставиме некаде далеку на маргините од нашето општество.
Најмладите од Охрид покажаа како треба против дискриминацијата. Во согласност со Акциониот план „Заедно против дискриминација“, Општина Охрид и Црвениот Крст, на градскиот плоштад организираа културно уметничка манифестација. Ова е само мал обид во запознавањето на популацијата со постоењето на Законот за спречување и заштита од дискриминација...
Post Views: 3
„Ова е само кратката биографија затоа што господинот Тимотеј оваа година слави и 30 години откако е владика во Охрид и образложението зошто јас како градоначалник на Охрид и комисијата која ми помагаше во изборот, се одлучивме за господинот Тимотеј да ја добие оваа наша најголема награда „Свети Климент Охридски“.“-вели градоначалникот.
Петрески додаде дека доколку можел тој би им дал награди на повеќе апликанти, но едноставно такви се правилата. Покрај Климентовата награда, ќе бидат доделени и трите традиционални Климентови повелби кои годинава отидоа во рацете на професорката...
Post Views: 68
Реконструирани таваните во основното училиште „Кочо Рацин“. По барање на родителите, заради штетноста на таванскиот материјал, Локалната самоуправа за помалку од еден месец направи реконструкција на девет училишни тавани. Додека траеа градежните зафати учениците без прекин посетуваа настава во зградата на подрачното училиште во Горно Лакочереј, информира Серафим Наумоски од одделението за образование при Локалната самоуправа. „Армстронот се замени со нов материјал, а се вароса и целата училишна зграда.“ Директорот на основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата Радојца...
Post Views: 4
После неколку годишни активносто за лобирање и еколошка дипломатија, во Тирана конечно министрите на надлежните министерства од петте држави кои го делат дримскиот басен (Македонија, Грција, Косово, Србија и Црна Гора), потпиша договорот за Дримскиот басен. Овој договор е силна рамка која што во иднина ќе ги постави аргументите околу управување со дримскиот басен, а од кои активности трпат позитивни или негативни последици и езерата кои се наоѓаат во басенот, меѓу кои се и Охридското и Преспанското. „По потпишувањето на договорот донаторската заедница излезе со два...
Post Views: 5
Од кабинетот на градоначалникот на Охрид, Александар Петрески пристигна реакција во врска пресот на ВМРО ДПМНЕ.
„Поради личните и партиските интереси на ВМРО- ДПМНЕ, а не на Локалната самоупрва и градоначалникот Александар Петрески, неколку години наназад, Охрид и неговите граѓани се вистинската жртва.Поради политички реваншизам , централната власт на ВМРО- ДПМНЕ , не само што не ги поддржува туку отворено ги кочи сите проекти на Локалната самоуправа, па затоа бесмислено е првиот човек на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов, вината да ја бара кај друг.
Очигледно е...
Post Views: 9
Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека после интензивната потрага, спроведена од страна на службите, пронајдени се и приведени три лица кои учествуваа во инцидентот кој се случи на 3 Ноември во кафе барот „Пијано“. По едно лице сеуште се трага.
{loadposition content9}