Советниците на ВМРО-ДПМНЕ му зедоа мужде на Петрески

Охрид пред прагот за влез во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Но со десна нога зачекори ОК на ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи одлуката за влез, Владата прво им ја соопшти нив, забележува Петрески.

 |  Билјана Николоска  | 
Petreski
Petreski

Владата попушти. Даде зелено светло за влез на Охрид во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Муждето на градоначалникот му го зедоа советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е добро вели Петрески, но начинот на кој Владата се пофали најпрво пред своите симпатизери е чиста политика. Градоначалникот е зачуден од начинот на комуникација на Владата. Според него претходно не биле информирани ниту тој, ниту општината, ниту советот иако оваа информација е од интерес на охриѓани. Владата треба да работи за сите граѓани во државава, потенцира Петрески.
„Mене ме чуди, а не е многу за чудење работата, што самите советници кажаа дека тоа е политичка одлука на Владата. Значи политичка одлука можи да носи партија, а Владата не е партија, Владата на Р.М е на сите граѓани и не може да носи  политичка одлука за економскли развој“, додава тој.
Петрески по се изгледа тешко ќе го проголта ваквиот потег на Владата, но сепак крои планови за иднина. Тој вели дека со ова ќе завршат досегашните опструкции што и се правеа на општината од повеќе аспекти.
„Јас се надевам дека конечно јазикот на кој што од сега па натаму ќе разговараме со Владата ќе биде домаќински и на економско размислување, а политиката ќе ја тргниме  на страна и комуникацијата треба да биде помеѓу Влада и општина, но кога ќе дојдат избори тогаш ќе разговараме политички. Сега водиме институции и треба да разговараме во интерес на граѓаните а не оваа одлука да ја сметаме како политичка зошто не може да биде таква.“ -рече Петрески.
Општина Охрид од 1 ви Јануари 2012 година, ќе биде со едно гајле помалку. Но дали во иднина овој скок ќе има влијание и за подобрување на економската клима во градот, како и за ослободување на општината од долговите, останува да видиме.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top