Климентовата награда годинава во рацете на митрополитот Тимотеј

Најважното општинско признание, оди кај митрополитот Дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Годинава за избор на добитникот беше задолжен Градоначалникот Александар Петрески. Покрај Климентовата награда, традиционално ќе се доделат и три Климентови повелби.

 |  Мишел Наумоски  | 
pres
pres

„Ова е само кратката биографија затоа што господинот Тимотеј оваа година слави и 30 години откако е владика во Охрид и образложението зошто јас како градоначалник на Охрид и комисијата која ми помагаше во изборот, се одлучивме за господинот Тимотеј да ја добие оваа наша најголема награда „Свети Климент Охридски“.“-вели градоначалникот.

Петрески додаде дека доколку можел тој би им дал награди на повеќе апликанти, но едноставно такви се правилата. Покрај Климентовата награда, ќе бидат доделени и трите традиционални Климентови повелби кои годинава отидоа во рацете на професорката Соња Думбалова за нејзината улога во реафирмирање на пливањето како спорт, Д-р Јордан Шикоски за неговата богата научно-истражувачка дејност и афирмација на Факултетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле, како и Димче Каневче за неговите залагања за развој на младинската политика и иницијативи за формирање на младинскиот парламент.

Климентовата награда години наназад предизвикува бурни реакции и негодувања кај охридската јавност. Дали реакциите годинава ќе бидат избегнати или ќе бидат уште поголеми, како и секогаш јавноста ќе процени.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top