Post Views: 1
Осиромашена програмата за туризам и локален економски развој. Еден од клучните сектори за поттикнување на економските ефекти во градов, 2012 година ќе ја турка со двојно помал буџет.
На вчерашната седница програмата за ТЛЕР беше една од најостро критикуваните. Опозициските советници се посомневаа во полезноста и ефектите на проектите на овој сектор. Вистинска непознаница е зошто општината одобри двојно помал буџет со оглед на фактот дека голем дел од манифестациите по кои Охрид е препознатлив, годинава ќе бидат осиромашени.
„Годинава имаме големо намалување и немање...
Post Views: 0
Непознати сторители ги отстраниле синдикалните плакати од охридските улици кои повикуваа на утрешниот јавен протест што ќе се одржи во Скопје. За членот на Претседателството на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството од Охрид, Драган Молкоски, ваквиот чин не е изненадување. „Ова е една слика за односот и грижата на некои членови од заедницата кон нашите права. Oдсекогаш сме имале опоненти, без некој да разликува дека го ништи нашиот синдикален денар кој е скромен. Со скромни средства правевме напори да ги информираме граѓаните и работниците да дојдат...
Post Views: 8
Уште една иницијатива за подигнување на спомен обележје во Охрид. Идејата е на годинешниот кум на манифестацијата Водици 2012 год, проф.д-р Ванчо Чифлиганец, кој пред се со оваа иницијатива сака да донира за градот и граѓаните, верниците и гостите, а воедно да остане и траен белег во градот каде што се одржува најмасовната прослава на Водици. Димитар Пендо од Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“, Охрид, рече дека писмото кое што вчера го добиле од Чифлиганец, веќе е испратено до сите релевантни институции кои треба да дадат согласност за реализација...
Post Views: 3
Последната седница за оваа година богата со точки, но и дискусија. Како што беше и за очекување, советниците најгласни беа при расправата околу новиот буџет. Со износ од 16.000.000 евра, советничката Дамоска-Секуловска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели: „Овој буџет, ваков каков што е, не обезбедува развојна компонента, и наскоро ќе имаме ребаланс ако не се обезбедат стабилни и постојани приходи.“ Советникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев со реплика дека градењето на инфраструктура и споменици не спаѓа во таканареченото продуктивно трошење. Редовна забелешка на советничката...
Post Views: 1
Во рамките на 42 та седница на Советот на општина Охрид, предлог Буџетот на единицата на Локалната самоуправа Охрид за 2012, ги разбранува и разбуди политичките страсти на советниците. Политичките ривали и на неколку дена пред крај на годинава ги покажаа своите заби, секако кога е во прашање партијата од каде што доаѓаат. Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, вели дека неможе да се прогледа низ прсти за новата ставка на буџетот за 2012 година, субвенционирање на охридските ЈП, бидејќи тоа е класичен пример на лицемерие на основниот буџет.Томислав...
Post Views: 1
Давачката за ѓубретарина може да се зголеми, најавува Комуналец по најновата одлука за зголемување на цената на струјата. Растот на цената на нафтата исто така се рефлектира и ја отежнува работата на ЈП „Охридски Комуналец“, истакнува првиот човек Сашо Алчев. Дадов иницијатива до еснафското здружение АТКОМ и Сојузот на стопанските комори да побараат од Владата да се откаже од акцизата и давачките кои јавните комунални претпријатија ги имаат во делот на бензинот и дизел горивото ама и по три месеци одговор сеуште нема, кажува Алчев. Првиот човек на Комуналец вели...
Post Views: 4
Стотина успешно реализирани културни настани, доказ за успешното работење на Н.У. Центар за култура „Григор Прличев. Во годината која е пред самиот крај, од оваа установа задоволни од епилогот. Еден од настаните кој годинава остави најголем белег во работењето на оваа установа секако, е формирањето на Охридскиот Народен театар, вели директорот на Центарот, Драгана Боцевска .
„Секако за крај, оваа годна ја одбележа одлуката на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура за конечно формирање на професионален театар во Охрид, во рамките на Центарот за...
Post Views: 7
Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид.
„Ставот на Локалната и понатаму останува...
Post Views: 0
„Немам таква бројка затоа што заклучно до 2011 година субвенциите се во надлежност на Министерството за економија, а во ингеренции на Агенцијата ќе бидат од 2012 година. Генерално, информиран сум вели Трајков , дека е зголемен бројот на странските туристи што се должи на дадените субвенции“.
За тоа каква ќе биде понатамошната судбина на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, дали нејзиното седиште ќе биде и понатака во Струга или ќе се сели во Скопје, Трајков кажа дека не знае. Истакна дека тој не одлучувам што ќе се случува со Агенцијата.
„Јас не сум на...
Post Views: 8
Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка. Спектаклот кој е традиционален и покрај студената вода, не само што не изостана, туку во него се вклучија и најмладите нуркачи кои за прв пат присуствуваа на овој несекојдневен настан.
„Искуството е прекрасно и многу ми се допадна и сигурно ќе бидам тука и другите години кога ќе се кити елката. Заедно ја споделуваме радоста за со леснотии да ни помине годината...
Post Views: 0
Утре ќе се одржи 42 седница на Советот на општина Охрид. Дневниот ред составен од 44 точки ветува сериозна дискусија. Најзвучна и веројатно најважна точка на дневниот ред е предлог буџетот на општината за 2012 година. Оваа точка е редовно извор на несогласувања помеѓу советниците, па останува да видиме за што е планирано да се трошат општинските пари. Сепак, буџетот не е единствената интересна точка на дневниот ред. Тука се и неколкуте точки за програмите за работа на јавните претпријатија од градов. Иако изгледаат неатрактивно, сепак работењето на охридските јавни претпријатија...
Post Views: 2
Македонскиот полициски синдикат го одржа годишното собрание на Централниот совет. На средбата присуствуваше и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. На собранието беше направена рекапитулација на сработеното во измината година. Се усогласуваа ставовите помеѓу синдикатот и Министерството околу условите за работа на полициските службеници, како и можноста за утврдување на посебни правила при нивното пензионирање.
„Ги фокусиравме таргетите односно точките кои што ќе бидат од клучен интерес во 2012 година и нормално споделивме и одредени визии за понатамошното...