На санкање и скијање на „Корита“

Зимава охриѓани ќе може да уживаат во убавините на излетничкото место „Корита“.

 |  Крсте Голабовски  | 
korita
korita

Години наназад Локалната самоуправа и граѓаните на Охрид, бараат патниот правец од Трпејца до Отешево, преку планината Галичица да биде отворен за сообраќај, бидејќи станува збор за висококвалитетно туристичко место и една од ретките уредени излетнички локации за уживање и одмор во зима, велат од Општина  Охрид. Оттаму уште на почетокот на годинава беше најавуван и еден голем проект за изградбата на жичарница од Корита до врвот на Галичица кој требаше на планината Галичица да го донесе и првиот зимски рекреативен центар во Охрид.

Sime Ilievski„Ставот на Локалната и понатаму останува не променет, се инсистира овој патен правец да се оспособи во текот на летото за да биде подготвен за текот на зимската туристичка сезона. Доколку на надлежните државни органи односно на „Македонија пат“ и е потребна било каква помош која може да ја пружи ЛС ние тоа во име на граѓаните ќе го сториме“, вели Симон Илиевски, портпарол на Општина Охрид.

Мора да се каже дека одржувањето на овој патен правец е во надлежност на Јавното претпријатие „Македонија пат“ од каде најавија дека истиот и оваа зима  веќе е затворен за сообраќај, од 15.11.2011 се до 31.03.2012 бидејќи истиот не е ставен на приоритетната листата за зимско одржување на патиштата. Меѓутоа, ветувањето од ова јавно претпријатие дека патниот правец делумно ќе се одржува во зимскиот период до излетничкото место „Корита“ се исполнува. Оттаму не информираа дека веќе во текот на денешниот ден се очекува нивно возило да го исчисти патниот правец во должина од 9 километри од вкупно 18-те километри пат. Додаваат дека другиот дел останува затворен за сообраќај затоа што тешки се условите за одржување, а потребна е дополнителна инфраструктура и механизација

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top