Советничка војна околу буџетот за 2012 година

Скроен буџетот на општина Охрид за 2012 год. Тој во споредба со годинава што изминува е поголем и изнесува 16 милиони евра.

 |  Билјана Николоска  | 
sednica
sednica

sednica Во рамките на 42 та седница на Советот на општина Охрид, предлог Буџетот на единицата на Локалната самоуправа Охрид за 2012, ги разбранува и разбуди политичките страсти на советниците. Политичките ривали и на неколку дена пред крај на годинава ги покажаа своите заби, секако кога е во прашање партијата од каде што доаѓаат. Координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, вели дека неможе да се прогледа низ прсти за новата ставка на буџетот за 2012 година, субвенционирање на охридските ЈП, бидејќи тоа е класичен пример на лицемерие на основниот буџет.
Томислав Тунтев пак од охридските социјалдемократи, рече дека проблемот за кој што советничката група на ВМРО – ДПМНЕ крева прашина за буџетот за 2012, е тоа што градоначалникот Петрески не е од ВМРО – ДПМНЕ и дека не поминуваат повеќе рекламно пропагандни настапи.
Ахмет Патељ, претседателот на комисијата за финансии се обиде да ја намали тензијата и да ја смири жестоката реторика на советниците од обете страни и кажа за што се се водело сметка во процесот за изготвувањето на буџетот за 2012 год.
Иако советниците на ВМРО – ДПМНЕ не го поддржаа Предлог Буџетот на единицата на Локалната самоуправа, бидејќи дел од нив сметаа дека тешко може да се релизира, сепак истиот помина бидејќи имаше полна поддршка од мнозинството на охридскиот совет.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top