Успешна година за Н.У. Центар за култура „Григор Прличев“

Доказ за тоа, реализацијата на стотина културни настани и секако феномелналниот старт на Охридскиот народен театар.

 |  Крсте Голабовски  | 
Boceska
Boceska

Стотина успешно реализирани културни настани, доказ за успешното работење на  Н.У. Центар за култура „Григор Прличев. Во годината која е пред самиот крај, од оваа установа задоволни од епилогот. Еден од настаните кој годинава остави најголем белег во работењето на оваа установа секако, е формирањето на Охридскиот Народен театар, вели директорот на Центарот, Драгана Боцевска .

„Секако за крај, оваа годна ја одбележа одлуката на Владата на Република Македонија, на Министерството за култура за конечно формирање на професионален театар во Охрид,  во рамките на Центарот за култура, театар кој веднаш почна со работа. Имавме 4 премиери, претстави по еднаш неделно, секоја сабота, претстави за кои навистина се бара билет повеќе“ објаснува Боцевска.

NU Centar za kulturaПроектите кои што беа одобрени од Министерството за култура, во целост се реализирани и успешно завршени. Ќе напоменам дека оваа година се славеа 50 години од Балканскиот фестивал, а се одржа и фестивалот „Охридски староградски средби“фестивал кој ја одржува македонската традиција, објасни директорката Боцевска. Мора да се напомене и првата детска балетска претстава, „Палешка“, како и изложбата на Антонија Дуенте, позната бугарска сликарка која живее во Берлин, а и изложбите и проектите кои произлегоа од соработката со клубот „Арт-Ерија“, додава Боцевска. Во годината која доаѓа во план се неколку проекти за инфраструктурно доопремување на центарот, но последниот збор за тоа кои зафати ќе имаат приоритет, го има Министерството за култура.

„Начелно можам да кажам околу техничкото доопремување што се однесува на театарот, веќе имаме одредени насоки дека ќе има инвестиции, во тој дел“ потенцира директорката Боцевска.

Во годината која доаѓа приоритет ќе биде интензивирањето на соработката со останатите културни институции .Така со организирање и реализација на поглем број проекти, бенефит ќе имаат сите, а најмногу граѓаните.На крајот на оваа година останува новогодишниот концерт кој е посветен на најмладите. На него ќе учествуваат балетското студио „Визави“,гости од градинката „Јасна Ристеска“, КУД „Гердан“ и дечињата од „Распеано рибарче“ а како специјален гостин се најавува Дедо Мраз.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top