МВР и полицискиот синдикат ги усогласуваа ставовите

Годишното собрание на Македонскиот полициски синдикат ја донесе министерката за внатрешни во Охрид. На средбата се усогласуваа ставовите околу претходната, но беа и дефинирани приоритетите за наредната година. Јанкуловска најави подобрување на работните услови за полициските работници.

 |  Мишел Наумоски  | 
sinsikat mvr
sinsikat mvr

Македонскиот полициски синдикат го одржа годишното собрание на Централниот совет. На средбата присуствуваше и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. На собранието беше направена рекапитулација на сработеното во измината година. Се усогласуваа ставовите помеѓу синдикатот и Министерството околу условите за работа на полициските службеници, како и можноста за утврдување на посебни правила при нивното пензионирање.

„Ги фокусиравме таргетите односно точките кои што ќе бидат од клучен интерес во 2012 година и нормално споделивме и одредени визии за понатамошното работење. Фокусот на работењето во наредната година ќе ни биде насочен во делот на имплементирање на системот на кариера како еден од клучните ситеми во професионалното работење на нашите колеги и нормално оние акти кои што следуваат во тој правец.“-вели Тихомир Климоски-Претседател на Македонски полициски синдикат.

Министерката Јанкуловска средбата ја оцени како исклучително конструктивна. Таа рече: Не секогаш во еден процес на дијалог на почетокот имаме исти ставови, меѓутоа добро е кога со социјалниот партнер имаме континуирана размена на мислења.

sinsikat mvr„Ова беше и добра прилика со оглед на фактот дека се наоѓаме пред прагот на нова буџетска година пред претставниците на синдикатот да ги презентираме приоритетите утврдени со буџетот кој беше усвоен од страна на Собранието пред се во смисла на подобрување на условите на работа за припадниците на МВР, обновување на делот од опремата со која што ние се користиме во нашето секојдневно работење и сето она што со години се провлекува како барање на нашите вработени со цел да постигнеме поголема ефикасност.“-рече Гордана Јанкуловска-Министер за внатрешни работи

За наредната година министерката најави обнова на дел од застарените средства за работа. Пред се потенцираше дека ќе се обновува возниот парк, но и дел од униформите на кои им истекол рокот на употреба. Претседателот на полицискиот синдикат, Тихомир Климоски, додаде: Релацијата е искрена и мора да се каже дека некогаш не постојат реални можности да се стори нешто. Таков беше случајот со униформите поради неможноста да се распишуваат тендери за набавка. Вината тука не е ниту кај министерстовото ниту кај нас, меѓутоа добро е што во буџетот за 2012 се предвидени средства и сега правиме распоред на приоритетите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top