Субвенциите за јавните претпријатија трн во око за опозицијата

Маратонско издание на 42та седница на советот на општина Охрид. Очекувано најголема дискусија се разви околу предлог буџетот на општината за 2012 година. Според власта реален, според опозицијата преамбициозен и без развојна компонента.

 |  Мишел Наумоски  | 
sednica
sednica

sednicaПоследната седница за оваа година богата со точки, но и дискусија. Како што беше и за очекување, советниците најгласни беа при расправата околу новиот буџет. Со износ од 16.000.000 евра, советничката Дамоска-Секуловска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вели: „Овој буџет, ваков каков што е, не обезбедува развојна компонента, и наскоро ќе имаме ребаланс ако не се обезбедат стабилни и постојани приходи.“ Советникот од редовите на СДСМ, Томислав Тунтев со реплика дека градењето на инфраструктура и споменици не спаѓа во таканареченото продуктивно трошење. Редовна забелешка на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беа и предвидените 5.000.000 денари со кои опозицијата вели: „Отворено се субвенционира работењето на јавните претпријатија.“ Советникот Ахмед Патељ во одбрана на предвидените средства со став дека овие средства се внесени во буџетот како резултат на внимателно следење на барањата на граѓаните во комуналната сфера. Релативно мазно поминаа предлог програмите за работењето на јавните претпријатија. Единствена забелешка повторно беа средствата предвидени како субвенции за овие претпријатија.

sednicaПоголема дискусија се разви околу програмите за туризам и локален економски развој. Советничката Дамоска-Секуловска го обвини секторот за ТЛЕР за неинвентивност во работењето, меѓутоа раководителот на секторот, Гоце Симоноски со реплика дека општина Охрид е еден од пионерите во проектите од областа на туризмот. Брзо беа донесени и неколкуте точки кои се однесуваа на пренесување на правото на користење и правото на сопственост на недвижен имот од ЈП Охридски комуналец на ЈП Погребални услуги, ЈП Градски гробишта, ЈП Градски пазар и Работничкиот универзитет „Кузман Шапкарев“.За крај се гласаа точките за измена на одлуката за склучување на јавно-приватно партнерство во областа на јавното осветлување и за преиспитување на одлуката за одредување на висината на надоместокот за гробарина со кои беше дополнет дневниот ред. 45 точки беа донесени со исклучок на последната за која до започнувањето на дневникот сеуште се расправаше.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top