Post Views: 2
Сеуште нема епилог за двата градежни зафати во охридската чаршија, за кои надлежните од Завод и музеј се изјаснија дека се дивоградби. За нелегалната градба кај Али пашината џамија, како и за нелегалните зафати на излогот на еден од дуќаните во Амамот, ТВМ информираше пред повеќе од еден месец. Во меѓувреме инвеститорите на двете локации ги завршија започнатите градби. На некои од дуќаните кај Али пашината џамија дури се поставени и реклами и истакнати се фирмите кои работат во нив. По долгите телефонски разговори и барање официјален став од директорката на Државниот...
Post Views: 4
Охрид го одбележа историскиот датум 75 години од одржувањето на второто заседение на Авној одржан на 29 и 30 ноември 1943 година во Јајце, БиХ. Историчарот, професор Наце Ивановски говореше за општествено политичките прилики во Европа во периодот 1938 -1945 година и создавањето за прв пат македонска држава во рамките на федеративната Југословенска држава. Иваноски потсети на датумите од воено-политичките случувања во текот на Втората светска војна во Европа, посебно на територијата на поранешна кралска Југославија. За развојот на ослободителното движење и одржувањето...
Post Views: 1
Спречено понатамошно излевање на фекална вода од колекторска шахта во езерските води во Лагадин. По реакција од нашиот медиум, а на укажување од жители на Лагадин е поправен овој сериозен дефект.
Жителите од Лагадин потврдија дека шахтата е санирана и повеќе нема прелевање на фекалните води. Но, додаваат дека сега од отворите во бетонската шахта навлегува езерска вода која пак непотребно ја оптоварува пречистителната станица и се троши струја.
Неодамна лагадинци поднесоа петиција со која бараат наместо елитна плажа, надлежните да го решат проблемот со пречистителната...
Post Views: 2
Од борбените дејства во Диво насеље во Куманово оштетени се околу 30 куќи. Тие што не можат да се вратат во своите домови, ќе се сместат кај свои роднини. Жителите велат дека претходно не можеле да се забележат никакви движења на вооружени луѓе. Имало зголемено полициско обезбедување, за кое мештаните протолкувале дека е поради протестите. И понатаму остануваат отворени прашањата кои се напаѓачите во Куманово, која им била целта, како се инфилтрирале во густа населба и многу други, нотираат познавачите.
Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов денес оствари средба со амбасадорите...
Post Views: 3
Xiaomi за кратко време прејде пат од “само уште една кинеска компанија” до сериозен играч на мобилниот пазар кој во иднина би можел да се закани и на најголемите како што се Apple и Samsung. На кинескиот пазар веќе, на изненадување на многумина, ја првзедоа водечката позиција и го престигнаа Samsung, додека на глобалниот пазар се искачија на третото место. Тајната на Xiaomi е во напредните модели на паметни телефони кои се продаваат по ниски цени, а хардверски не заостануваат многу зад конкурентските модели.
Иако можат да бидат задоволни со моменталната состојба на мобилниот...
Post Views: 6
„Медиас“ ДООЕЛ Скопје, „Кала-Плака“ Скопје, Скрин Инвест“ Тетово и „Акцент Медиа“ Скопје, се фирмите чиишто понуди за издавање на микролокации за поставување на билборди денес беа отворени во Општината.
Издавањето под закуп на локациите ќе оди во два пакети и тоа:
Пакетот 1 содржи локации за осум рекламни паноа, додека Пакетот 2. содржи локации за девет рекламни паноа, а локациите се во централното градско подрачје, на улиците, „Туристичка“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, кеј „Македонија“ и „Македонски просветители“. Станува збор за петнаесеттина нови локации и пет...
Post Views: 4
Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро.
„Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се договорат...
Post Views: 10
Откако минатата недела цената на нафтените деривати достигна рекордно високо ниво, Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница одлучи да ги намали цените. Малопродажната цена на горивата ќе се намали од ноќеска на полноќ – бензините поевтинуваат за 3,5 денари, а дизелот 4 денари. Литар Евросупер БС-95 ќе чини 77 денари, а Евросупер БС-98 ќе се продава за 78,50 денари. Евродизелот, откако поевтини четири денари, сега ќе се продава за 65,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство доби нова цена од 54 денари за литар. Мазутот стана поевтин...
Post Views: 10
Во градинката „Јасна Ристеска“ се бара место повеќе. Посебно интерес има за запишување на дечиња во јаслените групи. Моментално има седум во кои се згрижуваат по дваесет и пет деца на возраст до две години. Директорката на градинката Розе Костеска вели дека има потреба за уште една паралелка. Таа додава дека поради специфичноста на Охрид како туристички центар, интересот за згрижување на деца во градинката и во летниот период е голем. Кај нас не е случај како во другите градови на државава на лето градинката да има помал обем на работа, објаснува Костеска.
Имаме упис...
Post Views: 11
Грозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил,...
Post Views: 3
Под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”, општинската организација ја одбележа неделата на Црвениот крст. На 7 пунктови во центарот на Охрид и на Кејот се одржаа низа активности. Традиционално, се организира по 44-ти пат опшински натпревар по прва помош. Најдобри годинава беа во категорија подмлaдок, основците од ОУ Кочо Рацин, а од младинците претставниците од гимназијата Св. Климент Охридски. Тие ќе не претставуваат на државниот натпревар во Крива Паланка, во септември. На натпреварот учествуваа голем број ученици од основните и средните охридски училишта. Текот на...
Post Views: 22
Музејот на вода кај Градиште се наоѓа во многу лоша состојба. Финансиски средства за поправка на музејот на вода се побарани од ресорното министерство уште минатата година, а се одобрени годинава во висина од 500.000 денари. Наскоро ќе се санираат поситните оштетувања на музејот, а покрупните градежни активности ќе следуваат по туристичката сезона, информира Мишко Тутуткоски, директор на НУ Завод и музеј.
„Таму санацијата ќе подразбира многу различни зафати, да се зајакне статиката на мостот, приодната платформа до Музејот на вода, има унишетни делови од инвентарот,...