Xiaomi припрема смартфон кој ќе го окупира пазарот

Неверојатно евтин во однос на конкуренцијата

 |  инфодеск  | 

Xiaomi за кратко време прејде пат од “само уште една кинеска компанија” до сериозен играч на мобилниот пазар кој во иднина би можел да се закани и на најголемите како што се Apple и Samsung. На кинескиот пазар веќе, на изненадување на многумина, ја првзедоа водечката позиција и го престигнаа Samsung, додека на глобалниот пазар се искачија на третото место. Тајната на Xiaomi е во напредните модели на паметни телефони кои се продаваат по ниски цени, а хардверски не заостануваат многу зад конкурентските модели.

Иако можат да бидат задоволни со моменталната состојба на мобилниот пазар, Xiaomi има уште поголеми очекувања во 2015 година и се надеваат дека во зголемувањето на продажбата ќе им помогне новиот топ модел на кој моментално работат и кој, со оглед на цената и хардверските способности, би можел да го освои пазарот. Официјалните информации од оваа компанија ги нема, но спрема гласините објавени на Phone Arena, Xiaomi припрема модел Mi5 кој ќе биде изнимно тенок и ќе има силен хардвер, а ќе се продава по цена од 325 долари без потпишување на договор, што е скоро дупло поевтино од конкурентските модели. Mi5 би требало да работи на последната генерација Snapdragon 810 процесор и ќе има дијагонала на екранот од 5,7 инчи со резолуција од 2560х1440 пиксели. “Идејата дека некој телефон со вакви напредни опции би можел да има така ниска цена е неверојатна”, коментирале новинарите на Bussines Insider.

Претставувањето на овој телефон можеме да го очекуваме за околу еден месец на CES саемот кој традиционално се одржува во Лас Вегас,  а освен Xiaomi, во првите месеци од следната година и други мобилни компании ќе ги претстават своите најсилни модели на телефони – Samsung го припрема Galaxy S6, Sony Xperia Z4, HTC One M9, додека за новите модели на iPhone ќе почекаме до септември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top