• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Дуќаните дивоградби работат, а инспекторите не можат да се договорат кој да го споведе законот за Охрид

Дуќаните дивоградби работат, а инспекторите не можат да се договорат кој да го споведе законот за Охрид

Дуќаните дивоградби работат, а инспекторите не можат да се договорат кој да го споведе законот за Охрид. 

 |  Валентина Неловска  | 
carsija

carsijaСеуште нема епилог за двата градежни зафати во охридската чаршија, за кои надлежните од Завод и музеј се изјаснија дека се дивоградби. За нелегалната градба кај Али пашината џамија, како и за нелегалните зафати на излогот  на еден од дуќаните во Амамот, ТВМ информираше пред повеќе од еден месец. Во меѓувреме инвеститорите на двете локации ги завршија започнатите градби. На некои од дуќаните кај Али пашината џамија дури се поставени и реклами и истакнати се фирмите кои работат во нив.  По долгите телефонски разговори и барање официјален став од директорката на Државниот градежен инспекторат, кој е надлежен за старото градско јадро, денес добивме изјава со која се оградуваат од надлежност. Виолета  Ѓорѓиева, советник градежен инспектор, ингеренциите за дивоградбата кај Али Пашината џамија  ги префрла  кај општинскиот градежен инспекторат, бидејќи утврдиле дека градбата е од локално значење.

„ Утврдено е дека градбата е од локално значење нема надлежност инспекторатот да постапува, не се работи за градба од 1 категорија каде што е значење од Републиката. Постапено е од наша страна и е на локално ниво каде што терба да постапи овалстен градежен инспектро на општина Охрид“, појаснува Ѓорѓиева.    

carsijaИнспекторката Ѓорѓиева, напоменува дека  извршиле  увид на лице место на градбата  и утврдиле дека се работи за градба од монтажен карактер  и го задолжиле овластениот инспектор да постапува понатака во согласност  со Законот за градење. Како понатака ќе постапува општинскиот градежен инспекторат, одговор побаравме од Локалната  самоуправа. Портпаролот на оппштина, Томе Џамтоски за посочениот проблем вели дека не е прв  пат да има недорабирања и  толкувања на законот за заштита на Старото градско јадро.
„ Точно е дека имаме дописи до нашиот инспекторат. Но, постапките од Законот за заштита на старото градско јадро е многу строго дегфиниран во однос на надлежностите. Надлежностите ги имаа министерството за транспорт  и врски и општина Охриод согласно прописите не може да интервенира“, дециден е Џамтоски.

За другата дивоградба во Амамот пак, од државниот инспекторат до сега немаат оформено  предмет.
Примерот со овие дивоградби, односно односот на институциите кон нив, кои се само мал дел од нелегалната градежна експанзија во старото градско јадро, е потврда дека инспекциите затаиле со својата ефикасност. Пролонгирањето на постапките на државниот инспекторат за двете споменати градби само потврдува дека посебниот  Закон за Охрид во пракса не се спроведува и има недостатоци.
Доколку инспекциите на државно и општинско ниво  не си ги знаат точно своите ингеренции и под итно не седнат на заедничка маса истите да ги дефинираат, тогаш и понатака ќе ни се случуваат вакви дивоградби кои нема кој да ги контролира и спречува, а чаршијата и градот ќе го  менуваат автентичниот лик. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top