Концесионерите на охридските плажи да побрзаат со ангажирање на спасители

Минатата година спасителите имаа рекордни 32 успешни интервенции во вода.

 |  Мишел Наумоски  | 
spasuvaci

Час поскоро склучување на договори на концесионерите на плажите за ангажман на спасувачи  на вода, апелираат од Црвениот крст од Охрид. Изминатите години, на охридските и струшките плажи во просек се ангажирале помеѓу 90 и 100 спасители на вода. Покрај тоа, се преземаат и превентивни мерки како обуки и препораки до капачите со цел избегнување на посериозни инциденти во водите на Охридското Езеро.

spasuvaci na plaza„Да се обратат во Центарот за безбедност на вода во Охрид, односно во Црвениот крст во Струга и Охрид, каде што ќе можат да ги добијат сите потребни информации и да се договорат и околу бројот на потребни спасители, начинот на поставување, опремата што треба да ја имаат концесионерите, се со цел да не доаѓаме на брзина, пред први јули, и за два-три дена да се случуваат тие работи. Очекуваме, апелираме и ги повикуваме сите концесионери, час поскоро, да дојдат во Црвениот крст Охрид, да не контактираат за да можеме да ги направиме потребните формалности и да се договориме за обезбедувањето на нивните капалишта во текот на летниот период.“-вели Сашо Точков-Претседател на Црвен крст Охрид.

За оваа година, Точков информира дека имаат на располагање поголем број спасители.

plazi„Оваа година вкупниот број на спасители со кои располага Црвениот крст е преку 250 спасители, но сите нема да бидат ангажирани, односно ќе бидат ангажирани околу 100 спасители, а сите оние кои што имаат желба од наша страна и кои што ќе завршат на курсот и обуката за спасители на отворени води, која ќе се одвива во месец јуни, втората половина на јуни, сите тие ќе имаат можност и начин да ги покажат стекнатите вештини и техники во спасувањето.“-рече тој.

Точков информира дека минатата година забележале екстремно висок број на интервенции во вода при што биле извлечени 32ца давеници од Охридското Езеро, без ниту една жртва, а дополнително биле извршени преку 400 интервенции на укажување на прва помош. Во овие бројки, според Точков, години наназад во 98 посто од случаите станува збор за државјани на Република Македонија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top