neoplanta

Со „Неопланта“ стартува драмскиот дел на Охридско лето

Post Views: 14 „Неопланта“ претстава која нема да ја заборавите ветува, драмскиот селектор на „Охридско лето“, Ѓорѓи Јолески.  Станува збор за феноменална актерска екипа, сон на секој режисер  и естетиката на режисерот Андрош Урбан. Од романот  „Неопланта“   Урбан направи култна балканска престава со која освои и бројни награди на овие простори, посочува Јолески. „ Неопланта е најиграната, најсилната и најмоќната претстава која ги крши полтичките критериуми за тоа што значи демократија, народ и политички системи, чувството на еден  народ кој пронаоѓа низ различни системи во различни...

Continue reading

avstraliska ambasada

„ Охрид без бариери за лицата со попреченост“

Post Views: 10 „ Охрид без бариери за лицата со попреченост“. Овој проект општина Охрид го реализира во Дневниот центар „ Зраци“ со грант од Амбасадата на Австралија во Белград. Проектот денес беше промовиран во присуство на градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорката на Австралија, Џулија Фини на јавна трибина на која учествуваа и лица со попреченост во развојот. Активностите од проектот се одвиваат во Дневниот центар „Зраци“ каде основната цел е социјална инклузија и дневна грижа на лицата со попреченост, подобрување на нивниот психосоцијален развој преку креативни активности...

Continue reading

ohridsko leto

Музички спектакл за паметење „ Кармина Бурана“ го означи 55-то издание на „Охридско лето“

Post Views: 0 Со изведба на кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“ свечено беше отворено 55-то  издание на фестивалот „Охридско лето“. Оперските пејачи од Шпанија, сопранистката Беатрис Дијаз и баритонот Хозе Мануел Дијаз, рускиот контратенор Васил Корошев, како и шпанската актерка Лука Еспиноза  под диригентската палка на Хозеп Висент, со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет  изведоа музички спектакл за  паметење. На сцената на Антички театар со  сценско-визуелни ефекти публиката уживаше...

Continue reading

Видео: Паметни рачки за велосипед

Post Views: 2 Да се возите на велосипед и да гледате во својот паметен телефон за да следите навигација не е паметна идеја, но овие момци се сетиле на една поинаква метода, а тоа е да вградат паметни рачки за велосипед. Имено, се работи за влошки кои се ставаат во внатрешноста на рачките и содржат технологија која ќе ви овозможи побезгрижно и полагодно возење на велосипедот. Рачките се спојуваат преку Bluetooth со мобилниот телефон и се поврзуваат со апликација со која е можно да ја следите локацијата на вашиот велосипед ако во некој случај заборавите каде сте го оставиле. Исто така,...

Continue reading

kamion

На сила е времен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Post Views: 1 Од 01.07. до 31.08. на државните патишта во Република Македонија има времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони. Забраната важи за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали во викендите се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето...

Continue reading

ohridsko leto

„Кармина Бурана“ најава за 40 исполнети вечери на фестивалот Охридско Лето

Post Views: 1 Со шпанскиот спектакл, прекрасната сценска кантата „Кармина бурана“ на продукцијата Ла фура делс Баус, македонската филхармонија и македонската опера и балет утревечер свечено се отвора 55то јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Сцената на Антички е подготвена да ги угости посетителите, и уметниците кои според директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска ќе приредат концерт за уживање. Јанкуловска потенцира дека овогодинешниот концепт на фестивалот ќе подразбира дека сите вечери ќе бидат настани сами за себе, со свое значење и вредност. „Покрај свеченото...

Continue reading

popis

Пописот е стопиран, државната пописна комисија поднесe колективна оставка

Post Views: 31 Државната пописна комисија информацијата ја испрати ноќеска до сите медиуми преку соопштение во кое им препорачува на сите учесници на пописот да ги сопрат идните активности поврзани со оваа операција. Во соопштението се вели: – Државната пописна комисија на вечерашната седница констатираше дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на пописот. Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со ЕУРОСТАТ во делот кој го разработува членот 6, став 3,...

Continue reading

stetni uv zracenja

Педијатрите предупредуваат да се заштитат бебињата од канцерогените УВ зрачења

Post Views: 0 Внимателно со изложеноста на директна сончева светлина. Иако најчесто луѓето се загрижени поради високите температури, сепак најголемата опасност според докторите не доаѓа од високата температура на воздухот, туку од високиот индекс на УВ зрачењето. Педијатрите предупредуваат дека особено подложни на штетните влијанија на штетното ултравиолетово зрачење се бебињата и малите дечиња. Предупредуваат дека мајките во никој случај не би требало да ги изложуваат своите дечиња на директна сончева светлина од 11 до 17 часот како би се заштитила нежната бебешка кожа. „Кожата е...

Continue reading

Niko Nestor

Нови училници наместо нова зграда

Post Views: 3 Наместо нова училишна зграда, во постоечките објекти на средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо се градат нови училници. Вака се решава  просторниот проблем во Струга.Оваа ненадејно решение малку ги изненади граѓаните затоа што уште пред две години владата и градските власти во Струга писмено се обврзаа дека во дворот на центарот ќе се изгради нова училишна зграда. Очигледно ни едните ни другите не се во можност да го спроведат ова ветување па поради тоа ќе се реализира сосема нов план, со кој ќе се доградат нови училници. „До 5 септември завршивме со доградба на...

Continue reading

velo pateki

Локалната чека средства од Министерство за транспорт за обележување на долгоочекуваните велосипедски патеки

Post Views: 6 Дали охриѓани конечно ќе добијат репрезентативни велосипедски патеки во очи се поинтензивниот развој на урбаниот велосипедизам? Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот заедно со локалната работат на создавање услови за што помасовна употреба на велосипедот како превозно средство, но и како средство за рекреација. Претседателот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Стефан Димоски вели дека идејата е велосипедска патека на секоја улица. „Ние како идеја го имаме тоа замислено, ставена е идејата на хартија, вметната е во годишната програма и секако како...

Continue reading

Жителите на Лакочереј најавуваат протести откако „Лев Тахор“ се сместија во нивното село

Post Views: 0 Членовите на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои претходно престојуваа во Куманово и Скопје од вчера се во охридското село Лакочереј, тврдат мештаните. Според нив групата од 38 членови, повеќето од нив малолетни лица, е сместена во еден хотел. Вознемирени и уплашени за безбедноста жителите на селото излегоа на улица со барање да се исели групата поради тоа што се плашеле за нивната безбедност. Доколку не се случи тоа најавуваат протести. Цело село е вознемирено. За првпат во мојот живот јас го гледам селото толку вознемирено и уплашено. Бараме начин како групата...

Continue reading

„Креативна работа во пост-комунистички земји“,

Post Views: 1 Во рамки на проектот „Креативна работа во пост-комунистички земји“, денес во Охрид се одржа  тркалезна маса.  Тука стана збор за истражувањата  на искуствата од креативна работа во три сфери, перформативната сфера музичари и театарски работници од една страна, модните дизајнери и шивачките и уметниците со нови технологии. Со претставници од сите сфери уште еднаш стана збор не само за нивните искуства и проблеми и задоволство од работата туку и како тие како уметниците и како работници, се гледаат во иднината, нагласи модераторот доц. Д-р Ана Алачовска, раководител на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top