Со „Неопланта“ стартува драмскиот дел на Охридско лето

Со „Неопланта“ стартува драмскиот дел на Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
neoplanta

неопланта„Неопланта“ претстава која нема да ја заборавите ветува, драмскиот селектор на „Охридско лето“, Ѓорѓи Јолески.  Станува збор за феноменална актерска екипа, сон на секој режисер  и естетиката на режисерот Андрош Урбан. Од романот  „Неопланта“   Урбан направи култна балканска престава со која освои и бројни награди на овие простори, посочува Јолески.

„ Неопланта е најиграната, најсилната и најмоќната претстава која ги крши полтичките критериуми за тоа што значи демократија, народ и политички системи, чувството на еден  народ кој пронаоѓа низ различни системи во различни временски периоди“, вели Јолевски.   

Авторот на романот, прозаист, новелист, филозоф  охридско летоЛасло Вегел напоменува дека  „Неопланта“ ја прикажува историјата на овие простори во поранешната Југословенска држава, од Австро-унгарската монархија па се транзицискиот период. Ликовите проаѓаат голгота на промен на системите, а се пропратени со еден  вид на гротескност и карикатуралност.

„ Точно, Нови Сад во тоа е карактеристичен, но и во Македонија има такви места каде што се менувале системи и идеологија. Романот почнува со распадот на монархијата завршува со транзициониот период. Ние сме заробеници на историјата. Не ја осудувам историјата живееме во теророт на едно минато. Во тоа смисла романот е приказ за таа судбина,“ појаснува  автроит на романот Вегел.  

Претставата „Неопланта“ е во режија на  Андрош Урбан, а во претставата меѓу другите играат актерите од новосадскиот театар Силвија Крижан, Иштван Кереши,Агота Ференц, Даниел Хуста. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top