• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Музички спектакл за паметење „ Кармина Бурана“ го означи 55-то издание на „Охридско лето“

Музички спектакл за паметење „ Кармина Бурана“ го означи 55-то издание на „Охридско лето“

Музички спектакл за паметење  „ Кармина Бурана“ го означи  55-то издание на „Охридско лето“.

 |  Валентина Неловска  | 
ohridsko leto

ohridsko letoСо изведба на кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф на шпанскиот ансамбл „Ла фура делс Баус“ свечено беше отворено 55-то  издание на фестивалот „Охридско лето“. Оперските пејачи од Шпанија, сопранистката Беатрис Дијаз и баритонот Хозе Мануел Дијаз, рускиот контратенор Васил Корошев, како и шпанската актерка Лука Еспиноза  под диригентската палка на Хозеп Висент, со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и хорот на Македонската опера и балет  изведоа музички спектакл за  паметење. На сцената на Антички театар со  сценско-визуелни ефекти публиката уживаше во беспрекорна изведба на хористите и оперските пејачи, како и во бројните сценски ефекти со кои во делови на изведбата  актерите лебдеа на сцената. На цилиндарот кој ја опкружуваше сцената на Антички театар се менуваа  слики од месечина, вода,  оган, цветови, водопади.

ohridsko letoОд  Античкиот театар, фестивалските денови за отворени ги прогласи покровителот на манифестацијата  Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

„ Македонија е среќна што Охридско лето 55 години не  збогатува духовно. Не збогатува со музика, сценски и ликовни дела кој  премостувајќи ги бариерите на просторот и времето, преку изведбите на врвни  македонски, европски и светски уметници,  допираат до нас“, кажа претседателот на Републиката.

Македонскиот режисер Љубиша Георгиевски во името на уметниците ја испрати пораката за 55-то издание на фестивалот „Охридско лето“. При тоа Георгиевски потсети на мулти културалноста на соживотот во Македонија  низ  историјата и на спасот на човештвото во уметноста.  

„ Достоевски рекол цел свет нe вреди колку една детска солза. Ние уметниците се трудиме  од таа солза да направиме дестилат со кој ќе ја обновиме надежта на целото човештво“, кажа во својата порака Георгиевски.

На отварањето на Фестивалот присуствуваа и претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, охридскиот  градоначалник Никола Бакрачески, министри и голем број  љубители на уметноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top