Нови училници наместо нова зграда

Наместо нова училишна зграда, во постоечките објекти на средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо се градат нови училници. Вака се решава  просторниот проблем во Струга.

 |  Татјана Маленкова  | 
Niko Nestor
Нико Нестор

Наместо нова училишна зграда, во постоечките објекти на средните училишта Нико Нестор и Ибраим Темо се градат нови училници. Вака се решава  просторниот проблем во Струга.
Оваа ненадејно решение малку ги изненади граѓаните затоа што уште пред две години владата и градските власти во Струга писмено се обврзаа дека во дворот на центарот ќе се изгради нова училишна зграда. Очигледно ни едните ни другите не се во можност да го спроведат ова ветување па поради тоа ќе се реализира сосема нов план, со кој ќе се доградат нови училници.

„До 5 септември завршивме со доградба на некои делови, односно простории за настава. Во моментов сме кнап со просторниот дел. Очекувам до крајот на годинава да биде одобрен проектот за изградба на две нови училници и најверојатно околу 15 јануари ќе започнеме со градба. Во тек сме и со оградување на училиштето и се надевам дека во текот на овие дваесеттина дена ќе заврши тој проект“, изјави Урим Крека директор Средното училште на Ибраим Темо.

Директорот додава дека безбедносната состојба во училиштето ќе се следи и преку безбедносни камери. Дел во внатрешниот дел на училиштето се веќе поставени, а деновиве ќе бидат поставени и надворешните камери.
Инаку  во Ибраим Темо и Нико Нестор учат над 3.000 ученици. Двете училишта се познати по серијата инциденти кои се случуваа пред две години, а во нив учествуваа средношколци Македонци и Албанци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top