Видео: Паметни рачки за велосипед

Овозможуваат возењето на велосипед да биде побезгрижно и полагодно

 |  инфодеск  | 

Да се возите на велосипед и да гледате во својот паметен телефон за да следите навигација не е паметна идеја, но овие момци се сетиле на една поинаква метода, а тоа е да вградат паметни рачки за велосипед.

Имено, се работи за влошки кои се ставаат во внатрешноста на рачките и содржат технологија која ќе ви овозможи побезгрижно и полагодно возење на велосипедот. Рачките се спојуваат преку Bluetooth со мобилниот телефон и се поврзуваат со апликација со која е можно да ја следите локацијата на вашиот велосипед ако во некој случај заборавите каде сте го оставиле.

Исто така, smrtGrips овозможува полесно навигирање така што рачката вибрира за насоката во која треба да се движите. Може да се поврзе со друг велосипед, па така рачката вибрира кога вашето дете премногу се оддалечува од вас, а можете и да ја одредите локацијата на велосипедот во случај кога ќе ви го украдат.

Иако оваа технологија има свои недостатоци како што е лесна кражба на уредот, со оглед дека се вметнува во рачката, или проблем при паѓање од велосипедот. Но, почетната идеја е секако интересна и ќе биде интересно да се види во која насока ќе се развива оваа компанија. За сега ниакде не е наведена цената на уредот, но познато е дека Indiegogo кампањата стартува на 11 февруари следната година, па тогаш ќе се дознаат повеќе информации за цената и испораката.

Во продолжение погледнете го видеото на оваа интересна технологија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top