Post Views: 0
Во овој четиригодишен мандат се што ветивме исполнивме. Реализиравме околу 100- тина проекти, рече градоначалникот Мерко претставувајќи ја изборната програма пред стружани. Уредивме многу сообраќајници, изградивме пешачки патеки, го осветливме Црн Дрим, двата влезови во градот се уредени со нов лик како што доликува на една туристичка метропола, рече кандидатот за градоначалник на Струга Рамиз Мерко.
За следните четири години Мерко ветува бројни проекти за поквалитетен живот на стружани.
Имам чест и задоволство да ги откријам големите успеси што ги постигнавме досега....
Post Views: 0
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, денеска ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Охрид, во извидничкиот камп.
„За оваа година овозможивме 3000 пензионери да можат да ја користат оваа бесплатна услуга, овој проект е дел од програмата на Владата на Р. Македонија. За негова реализација издвоени се околу 12 милиони денари. Би сакал во оваа прилика да ја искористам можноста и да ја информирам јавноста...
Post Views: 3
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја започнаа Втората велосипедска тура во Дебрца, која годинава се вози од село Годивје до Бабин Срт ( 2241 м.н.в. ) , врвот на Стогово и назад.
-Поздравувајќи ги учесниците, посебно истакнав дека општина Дебрца располага со идеални терени за организација на планински велосипедизам, а особено пределот на Славеј планина, Алипашица, Караорман, Лисец, Стогово со Бабин Срт, со своите природни убавини и недопрена природа е еден од најдобрите во Македонија за организирање на планинска велосипедска тура. Посебна...
Post Views: 4
Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување.
„Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат работа,...
Post Views: 4
Охридските земјоделци може да закупат државно земјоделско земјиште на еден јавен оглас и два повици кои ги објави ресорното министерство. На јавниот оглас се издаваат површини во селата Свиништа и Мешеишта. Во Свиништа под наем ќе се издаваат две површина од 5792 метри квадратни и три парцели од 4285 метри квадратни во Мешеишта. Цената на закупнина за овој јавен оглас ќе се одредува според катастарската класа на земјиштето. Јавните повици пак, до 3 и над 3 хектари се со цел земјоделците да ја регулираат сопственоста на земјоделските површини кои веќе ги користат....
Post Views: 1
Графичкиот дизајнер, Lilian Lepre, работник во печатницата во која се забарикадирале браќата Kouachi, откако во средата убија 12 лица во нападот на редакцијата на Charlie Hebdo, се покажал како прав херој.
Убијците Said и Cherif Kouachi не биле свесни дека полицијата го знае секој нивни чекор. Откако го извршија нападот на редакцијата на Charlie Hebdo тие се забарикадираа во една печатница околу 30 километри оддалечена од главниот град на Франција. Сопственикот на печатницата, терористите го земаа како заложник, но 27 годишниот вработен се скрил во картонска кутија од...
Post Views: 1
Денес во Охрид министрите за внатрешни работи на Македонија, Србија, Австрија и Унгарија потпишаа меморандум за справување со бегалската криза. Проблемот со напливот на бегалци од воените зони на Блискиот Исток во Македонија, Србија, Унгарија и Австрија е проблем на Европа, а не само на државите низ кои мигрантите транзитираат на нивниот пат кон Западна Европа. Ова беше генералниот заклучок кој што произлезе од денешната средба на министрите за внатрешни работи. Како што истакна министерот на за внатрешни работи на Р. Македонија, Митко Чавков, решението на проблемот...
Post Views: 6
Интензивно се работи на поставувањето на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Климештани. Денес, локацијата ја посети и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како на лице место би се информирал за тоа како напредуваат работите околу овој инфраструктурен зафат вреден 250 илјади евра. Според градоначалникот Трајкоски, овој проект е од исклучително значење за жителите на овие села во Дебрца.
„Изградбата на регионалниот колекторски систем, согласно договорот кој што го има од страна на Министерството за транспорт...
Post Views: 4
Центарот за управување со кризи соопштува дека врнежите од снег се присутни од утринските часови во Куманово, Стража, Маврово, Ресен, Буково, Железнец, Павлешенци, Делчево, Смојмирово и Кула, се со слаб интензитет и не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Коловозите се влажни, опесочени и проодни. Можна е појава на поситни одрони по усеците и клисурите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и расчистуваат сите патни правци.
Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), отежнат сообраќај поради остатоци од кашест снег...
Post Views: 6
Паркот на пријателството на потегот од Бела Виста до Парк или ќе биде вклопен , уреден и соодветно обележан при изградбата на третиот дел од новата модерна пешачка патека или ќе престане да постои. Паркот кој треба да симболизира трајно пријателство и соработка на Охрид со збратимените градови беше засаден на 8 декември 2012 година на патрониот празник на Охрид. Покрај секое дрвце стоеше обележје со натпис на повеќе збратимени градови. Паркот не заживеа, не се доуреди хортикултурно а во неколку наврати беше мета и на вандали. Но дали врските на Охрид со збратимените...
Post Views: 8
Државава се соочува со сериозни проблеми во затворските установи. Најголемиот проблем лежи во затворот Идризово каде постојат минимум човечки услови за третман на затворениците. И корупцијата во затворите е голем проблем, велат добрите познавачи на приликите во овие поправно казнени установи. Во Охрид се одржува конференција на тема „Мониторинг во затворените институции во Македонија“ која ја организира хелсиншкиот комитет заедно со бугарскиот хелсиншки комитет. Претставникот на Хелсиншкиот комитет Христо Ивановски рече дека денес е добра прилика невладиниот сектор...
Post Views: 5
Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид.
Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота)...