Врнежи од снег во дел од државата

Коловозите се влажни, опесочени и проодни. Можна е појава на поситни одрони по усеците и клисурите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и расчистуваат сите патни правци.

 |   | 
snow
snow

snowЦентарот за управување со кризи соопштува дека врнежите од снег се присутни од утринските часови во Куманово, Стража, Маврово, Ресен, Буково, Железнец, Павлешенци, Делчево, Смојмирово и Кула, се со слаб интензитет и не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Коловозите се влажни, опесочени и проодни. Можна е појава на поситни одрони по усеците и клисурите. Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и расчистуваат сите патни правци.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), отежнат сообраќај поради остатоци од кашест снег на коловозот има на планинските превои Стража, Маврово и Попова Шапка, како последица на врнежите од снег во текот на изминатата ноќ, но нема забрани и застои. Се препорачува внимателност на патните правци низ клисурите и планинските превои.

Од Управата за хидрометеролошки работи – УХМР информираат дека во текот на денов ќе нема интензивни снежни врнежи. Снегот ќе продолжи да паѓа во југозападниот дел од државата, како и на повисоките места и планините, а на пониските места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурата во целата држава ќе се движи од нула до шест степени, а во Скопје од нула до четири степени. Кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре, според прогнозите, снег ќе паѓа во целата држава, но не со голем интензитет. Поинтензивни снежни врнежи ќе има од ноќта меѓу среда и четврток, кога се очекува да се формира снежна покривка на повеќе места.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top