Спасов ги посети пензионерите кои се на бесплатен викенд во Охрид

Продолжуваме со реализација на проекти кои се во интерес на пензионерите. Нашата грижа кон оваа популација не застанува, истакна министерот Диме Спасов, при денешната посета на пензионерите кои се на бесплатен викенд во Охрид. Во таа насока денес министерот обелодена дека  МТСП денес објави јавен повик за бесплатен туристички викенд на 3000 пензионери, како и јавен повик за бесплатна бањско климатска рекреација за 5500 пензионери за 2016 година.

 |  Николоска Биљана  | 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски,  денеска ги посетија пензионерите кои се наоѓаат на бесплатен туристички викенд во рамки на истоимениот владин проект во Охрид, во извидничкиот камп.

„За оваа година овозможивме 3000 пензионери да можат да ја користат оваа бесплатна услуга, овој проект е дел од програмата на Владата на Р. Македонија. За негова реализација издвоени се околу 12 милиони денари. Би сакал во оваа прилика да ја искористам можноста и да ја информирам јавноста дека во текот на денешниот ден објавен е јавниот повик за користење на бесплатен туристички викенд за 3000 пензионери за 2016 година“ – наглси Спасов.

Новиот Владин проект се покажа позитивен и добро прифатен од страна на сите пензионери, истакна претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија, Драги Аргировски.

„Пензионерите се задоволни од малку, а камо ли од вака кога им се дава по два три проекти годишно….овој проект нов за туристички викенд треба да најде убав прием и кај вас туристички известувачи, бидејќи како што се придонесе за развој на бањскиот туризам, мислам со овој проект ќе се придонесе за развој на туризмот во овој крај“– рече Аргировски.

Во текот на вчерашниот ден МТСП го објави јавниот повик за бесплатна бањско климатска рекреација за 5500 пензионери за 2016 година. Исто така и за овој проект Владата ќе издвои 12 милиони денари. Инаку како што информираа од ресорното министерство за 2016 година приоритет ќе имаат пензионерите кои имаат пониски примања, оние кои се со потешка инвалидност и рударите кои работеле во подземен ископ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top