• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Интензивно се работи на изградба на регионалниот колекторскиот систем кој треба да поврзе неколку села во Дебрца

Интензивно се работи на изградба на регионалниот колекторскиот систем кој треба да поврзе неколку села во Дебрца

Колекторскиот систем е со должина од над осум километри, а инвестицијата чини повеќе од 250 илјади евра.

 |  Мишел Наумоски  | 
kolektor

Интензивно се работи на поставувањето на колекторскиот систем кој ќе ги поврзува селата Горенци, Мешеишта, Требеништа, Волино и Климештани. Денес, локацијата ја посети и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како на лице место би се информирал за тоа како напредуваат работите околу овој инфраструктурен зафат вреден 250 илјади евра. Според градоначалникот Трајкоски, овој проект е од исклучително значење за жителите на овие села во Дебрца.

izgradba kolektor„Изградбата на регионалниот колекторски систем, согласно договорот кој што го има од страна на Министерството за транспорт и врски е во временски период од 10 месеци да заврши изградбата на колекторскиот систем. Во наредната фаза откако ќе се изгради колекторскиот систем, ќе се започне со поврзување на веќе изградената канализациона мрежа во с.Мешешита.“ -вели градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Градоначалникот Трајкоски, денес информираше дека општина Дебрца добила уште шест проекти преку програмата за рурален развој. Еден од овие проекти е особено значаен за ставањето на функција на колекторскиот систем кој во моментов е во изградба.

kolektor Debrca„Првиот проект е канализациона мрежа во село Горенци. Со изградбата на оваа фекална канализација ќе се приберат отпадните води од селото Горенци и ќе се спроведат до главниот колектор кој се протега покрај реката Сатеска за која изградба сте сведоци и вие самите. Денес во селото не постои никаква канализациона мрежа, отпадните води се собираат индивидуално во септички јами, што значи загадување на подземните води и уништување на животната средина. Должината на канализационата мрежа во с. Горенци ќе биде околу 7.6 километри и ќе се изградат 236 шахти.“-рече Трајкоски.

Оваа инвестиција е во висина од 19 милиони 934 илјади 562 денари или околу 325 илјади евра. Освен овој проект, општина Дебрца добила средства и за асфалтирање на улици во с.Ботун, асфалтирање на локалниот пат од Злести до Лешани, како и три проекти за урбанистички планови за Горенци, Требеништа и Оровник преку програмата на Агенцијата за рурален развој. Според градоначалникот Трајкоски, со реализацијата на овие проекти, општина Дебрца ќе добие нова слика во однос на инфраструктурните зафати кои се особено значајни за населението во општина Дебрца.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top