Каљоши: Потребна е поголема промоција на проектот „За секое дете – топол дом“

Згрижувачкото семејство – шанса за топол дом. Со Владиниот проект „За секое дете топол дом“, згрижени се вкупно девет деца во Охрид. Потребна е поголема промоција на овој проект со цел, семејствата кои имаат можност за згрижување, да ги дознаат сите привилегии кои ги дава правото на згрижувачко семејство, информираат од ЦСР Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Во Охрид има голем потенцијал за згрижување на деца, но сеуште мала е бројката на вдомени во охридските семејства. Како што истакна Екрем Каљоши, директорот на ЦСР од Охрид, постои желба кај семејствата, но проблемот лежи во изнаоѓање начини од страна на службите во Центарот за мотивација и будење на желбата за згрижување.

„Наши штитеници ние имаме 9 деца кои се згрижени, од тој аспект во тек е акцијата, веќе имавме една промоција на една локлана телевизија, во нареден период ќе имаме и собири со граѓани со МЗ во Локална самоуправа со категорија на лица кои бараат работа, значи ќе му укажеме на сите привилегии кои ги дава ова право на згрижувачко семејство“-објаснува директорот.

Каљоши нагласи дека дека во ЦСР паралелно се одвиваат и други проекти, како што е условениот паричен надомест. Директорот потсетува дека корисниците на социјална парична помош треба да поднесат барање за остварување на ова право за учениците во средно образование.

„Тој надомест изнесува 12 000 денари годишно и предвидени се средства за оваа учебна година по тој проект. Сто деца имаме кои што го остваруваат тоа право, толку имавме и лани, значи тоа се деца на корисници на социјална парична помош а ученици се во средно образование. Тие можат постојано да се пријавуваат но го губат правото за првиот квартал“ – вели Каљоши.

Како што обелодена директорот на центарот при крај се активностите околу реновирањето на ЦСР, и може да се очекува за краток рок службите повторно да се вратат и да ја обавуваат својата работа во ново уредените простории. Градежните активности биле завршени, во моментот просториите се  комплетирале со потребниот мебел. Каљоши смета дека добиле мошне добри услови за  изведување на на нивните работни активности.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top