Post Views: 1
Седниците на совет, филмски маратон. Обременети со повеќе од 60 точки преставуваат вистински тест за концентрацијата на советниците. Предпоследната седница имаше дури над 70 точки. На последната седница која се одржа пред два дена на дневен ред беа ставени 64 точки. Од кога градските избраници се истрошија со бурни расправи на првата точка на која се дискутираше за физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште, преку останатите 63 само прелетаа иако поголем дел од нив беа извештаи за финансиското работење на основните и средните училишта во градов....
Post Views: 3
Струга иако е многу опеана, има сеуште да се пее за неа. Ансамблот „Диван“ веќе три години работи на тоа, а со своите песни се присутни во дел од угостителските објекти на охридско – струшкот регион. Членовите на овој Ансамбл со нескриена страст и со душа збоуваат за песните кои ги снимиле за Струга и стружани, се тоа спакувано во едно CD, насловено како „Белешки од стара Струга“ кое од неодамна е достапно за сите.
„Песниве ми лежеа на душа“, вели авторот на поголем дел од песните Владо Бунчески кој е и член на Ансамблот. Тој кажа дека со долготрајна и напорна работа...
Post Views: 15
Постои црна берза за продажба на отпадни масла-тврдат оператори кои собираат и преработуваат ваков тип на отпад. Вакви незаконски активности, според Горан Костиќ, сопственик на една ваква фирма, се случуваат и во Охрид, а дел од сторителите се и големи хотели и ресторани од градов. Костиќ тврди дека во досегашното работење многупати се соочиле со случај одлагачот на отпадот да пријави помала количина одложено масло во транспортниот формулар кој му го издава операторот кој го собира отпадот, за потоа остатокот од отпадното масло на црно да биде продадено на живинарски...
Post Views: 33
Димче Шипинкароски, кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на СДСМ и коалицијата, напоменува дека во изборната програма има бројни проекти со кои ја бара довербата на гласачите. За него е приоритет решавањето на проблемот со водоснабдувањето за жителите почнувајќи од Струга па се до Радожда, Јабланица, Малесија, Долен Дримкол.
Навистина е незамисливо во 21 век да немаме квалитетна вода за пиење и постојан довод на вода. Тоа би бил прв и основен проект. Втор проект е реконструкцијата на градскиот пазар, кој го бараат граѓаните, согласно стандардите да го...
Post Views: 6
Еколошки хотели кои користат соларни панели за греење, економични тушеви, користат природна светлина, хотели кои служат само органска храна од локални земјоделци, а остатокот од неискористената храна го даваат на бездомните лица, кафетерии кои организираат дружења за социјално загрозените семејства, нудат бесплатни пијалаци. Ви звучи како список на учесници на некој светски бизнис форум? Е па не е така, станува збор за иновативните бизнис идеи на младите претприемачи од Охрид и Струга кои освен идејата за профитабилен бизнис, се потрудиле во своите бизнис планови да...
Post Views: 6
Фантастични откритија во рамки на Проектот „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, кој беше реализиран во текот на месеците мај и јуни.
Археолошките истражувања кои се одвиваа на повисоките делови од планините Јабланица и Галичица ги раководеше Бојан Танески, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.
Истражувањата дадоа одлични резултати во поглед на прецизно одредување на движењето на одредени патни траси и делници кои досега беа споменувани во науката, но акцентот беше ставен на откривањето на нови патишта, нивниот опус на градење, употребените...
Post Views: 0
Со фотографии кои наши граѓани ги доставија до нашата редакција, се жалат на уличното осветлување, и како што велат црната темница во која тонат нивните домови веќе подолго време. Жителите од стар град пред месец и половина побарале од фондот за комунални дејности да се заменат прегорените светилки, но досега нема ништо од тоа. Стравуваат дека и во престојните зимски месеци улиците ќе останат во мрак. Забелешките на охриѓани ги негираат од секторот за комунални дејност, сообраќај и улици при ЛС.„Во летниот период имавме дефекти и дојде до мал застој. Екипите...
Post Views: 2
Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градот Охрид отсекогаш специфичен, посебен и уникатен го прават традициите и нивното почитување, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува и низ вековите преку традициите заеднички сме живееле на овие простори, изјави секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.
„Денес особено задоволство што во...
Post Views: 0
Брод на сингапурската воена морнарица ги пронашол остатоците од авионот на AirAsia, кој се сруши во Јаванското море каде загинаа сите 162 патници и членови на екипажот.
Министерот за одбрана на Сингапур, Ng Eng Hen јавноста ја извести за пронаоѓањето на остатоците од авионот на AirAsia преку својот Facebook профил и ги објавил фотографиите од остатоците, кои ги направила подводна сонда, пренесува news.com.au.
Напишал дека фотографиите прикажуваат делови од крилата и трупот од авионот. “Се надевам дека со пронаоѓањето на трупот од авионот, фамилиите на жртвите можат на...
Post Views: 11
Ресторан од полузатворен тип и мала марина треба да никне на пристаништето кое се наоѓа наспроти хотел Палас. Ова е предвидено со физибилити студијата која на барање на Општина Охрид ја изработи консултантската фирма Таргет од Скопје. Денес информацијата за физибилити студија за оправданост од воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за изградба и управување со „мала марина“ на локација мало пристаниште во Охрид беше обелоденета пред градските избраници. Тоа предизвика лавина дискусии во кои главни актери не беа само опозиционерите туку и некои од позицијата....
Post Views: 7
Меморандум за соработка потпишаа општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT. При тоа градоначалникот Никола Бакрачески исткна дека меморандумот е важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. Градоначалникот посочи дека со техничка и финансиска помош, како и консултантски услуги на фондацијата, во координација со Секторот за туризам и локален економски развој ќе биде изработена Стратегија за развој на туризмот на Општина Охрид за развој на локалната економија и туризмот како основна економска...
Post Views: 0
Снежните врнежи засега не предизвикуваат прекини во железничкиот и авиосообраќајот низ државава, додека патниот сообраќај се одвива забавено. Според Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, но во зимски услови.
На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Од Меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека пристигнувањето и тргнувањето на автобусите се одвива без големи доцнења. Минимални доцнења, но без прекини, има и во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај,...