„Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“

Фантастични откритија во рамки на Проектот „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, кој беше реализиран во текот на месеците мај и јуни.

 |   | 

Фантастични откритија во рамки на Проектот „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, кој беше реализиран во текот на месеците мај и јуни.

Археолошките истражувања кои се одвиваа на повисоките делови од планините Јабланица и Галичица ги раководеше Бојан Танески, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.

Истражувањата дадоа одлични резултати во поглед на прецизно одредување на движењето на одредени патни траси и делници кои досега беа споменувани во науката, но акцентот беше ставен на откривањето на нови патишта, нивниот опус на градење, употребените техники при градбата, справувањето со проблемите на кои наидувале при трасирањето и секако кои населени места и региони ги поврзувал.

Накратко би ги издвоиле поплочената патека во близина на лок. Вајтос, с. Октиси, делницата која од Охрид преку врвот Скала ги поминувала планините Галичица и Исток и се спуштала во Ресенското поле, патот во должина од околу 9 км кој од Охрид се искачувал до висорамнината Асанџура и понатаму продолжувал кон Преспанското и Корчанското поле итн. Сите добиени сознанија ќе бидат детално објавени во публикацијата „Античка патна мрежа во Охридско – струшкиот регион“, која е во фаза на изработка. Дополнително ќе бидат поставени информативни табли покрај новоткриените патишта, ќе бидат направени промотивни планинарски тури и видео материјал, со крајна цел вклучување на античките патни траси во туристичката понуда во регионот.

Проектот беше финансиран преку германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, односно проектот SEDRA, Mountain Tourism Value Chain. Носител на проектот беше алпинистичкиот клуб Патагонија – Охрид, а како партнери во проектот се јавуваат НУ Завод и Музеј – Охрид и ЈУ Национален парк Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top