• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Отпадното масло се продава на црно на живинарски фарми – тврдат оператори со ваков отпад

Отпадното масло се продава на црно на живинарски фарми – тврдат оператори со ваков отпад

Дел од охридските хотели и ресторани на црно го продаваат отпадното масло на живинарски фарми-тврдат оператори кои собираат и преработуваат ваков тип на отпад. Според нив, не само што е противзаконска ваквата постапка, туку и опасна по здравјето на граѓаните бидејќи внесувањето на вакви намирници придонесува за зголемување на појавата на канцер.

 |  Мишел Наумоски  | 

Постои црна берза за продажба на отпадни масла-тврдат оператори кои собираат и преработуваат ваков тип на отпад. Вакви незаконски активности, според Горан Костиќ, сопственик на една ваква фирма, се случуваат и во Охрид, а дел од сторителите се и големи хотели и ресторани од градов. Костиќ тврди дека во досегашното работење многупати се соочиле со случај одлагачот на отпадот да пријави помала количина одложено масло во транспортниот формулар кој му го издава операторот кој го собира отпадот, за потоа остатокот од отпадното масло на црно да биде продадено на живинарски фарми и фарми за свињи.

„За Охрид не сакам да именувам во име на еснафлукот, има ресторани кои најеснафски си работат и најодговорно ова си го спроведуваат, но останатиот дел, за жал и големи фирми, јас сум изненаден да ви кажам кога видов со фактура како го продаваат отпадното масло на живинарска фарма. Јас им реков: „Извинете, ама вие немате елементарни познавања што се случува со маслото откако термички после одреден процес ќе се премногу употреби, значи завршува неговата употреба како храна. Оттука натака следува нашиот дел каде што го соодветно преработуваме како што треба кои сме сертифицирани.“– вели Горан Костиќ-сопственик на фирма за собирање и третирање на отпадни масла.

За ситуацијата да биде уште посериозна, Костиќ вели дека овие отпадни масла во живинарските фарми се користат во храната на кокошките и пилињата, а со тоа секундарно стигнуваат и до граѓаните кои според него не се свесни колку опасна храна консумираат.

„За живинарските фарми веќе е докажано дека тоа го користат, во храна за пилиња, го замешуваат во концентратот што го прават, во храната. Слушнале господата дека се ставаат масла, да, се ставаат масла, ама соини масла, масло кое е наменето за таква исхрана и е по сите стандарди испитана и верифицирана со соодветен сертификат, дека тоа може да се користи како храна за животни. Таквото нешто се рефлектира секундарно, ние секојдневно внесувајќи такви намирници, со што, со зголемена канцерогеност која за жал е веќе евидентна во Република Македонија, не е само од тоа, но во голем дел и е, бидејќи конзументите не се свесни што им се нуди.“– изјави Костиќ

Костиќ вели дека оваа опасна и незаконска практика мора да биде напуштена што е можно поскоро со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Дополнително, тој вели дека отпадното масло има многу поголема вредност ако истото се искористи за добивање некои обновливи извори на енергија и био горива.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top