Василески: Гасификацијата клучна цел во програмата на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 2   Една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности , социјалните дејности, образовните и здравствените установи, и во секој дом во Македонија, кажа кандидатот за пратеник Сашо Василевски. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ презема активности за изградба на националниот гасоводен систем паралелно се работи и на изградба на дистрибутивните мрежи на природен гас. За развој на овие мрежи изработена е студија за изводливост во...

Continue reading

ВМРО-ДПМНЕ: Екстерното тестирање е успешен проект

Post Views: 6 Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, реагираат дека екстерното тестирање е успешен проект. Целта на овој проект е учениците да се мотивираат за стекнување знаења и вештини, а не само за добивање на високи оценки, а на наставниците им обезбедивме услови за непристрасно и објективно оценување без притисоци, се вели во писмената реакција на пресот на СДСМ.„Имплементиравме  концепт  на бесплатно образование, бесплатни учебници  во основното и средното образование, бесплатен превоз за учениците, бесплатен интернет, наставни програми Кембриџ, интеграција на еколошката едукација...

Continue reading

logo

Има или нема „Амин“ за Facebook?

Post Views: 0 Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна. Социјалните мрежи не се баук туку се дел од секојдневната култура на живеење, изјави владиката на Европската епархија Пимен, откако „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално му забрани на свештенството да користи Фејсбук. Освен од владиката Пимен, реакции токму на Фејсбук за оваа забрана имаше и од повеќе свештени лица што имаат свои профили на оваа...

Continue reading

Охрид ја засади својата иднина

Post Views: 2 15 садници на дрвото туја денес беа засадени во паркот по кејот на езерото во рамките на 17тата акцијата Ден на дрвото. Охридските советници , политичари и граѓани засадија по едно дрвце со надеж дека еден ден тие ќе израснат во високи стебла кои ќе го красат паркот. Тоа е еден од начините можеби и симболичен на кој ја покажуваме континуираната грижа за животната околина, општината со низа активности кои што се во нејзина надлежност  постојано работи на подобрување на квалитетот на животната средина и на нејзината заштита. Ова е една извонредна можност да се приклучиме...

Continue reading

ujp

Во тек е регистрацијата на земјоделците во Управата за јавни приходи

Post Views: 4 Граѓаните на Општина Струга и Охрид, кои во текот на 2011 година се занимавале со земјоделска дејност треба да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои оствариле приход од земјоделска дејност. За таа цел Упаравата организира обуки во сите градови од републиката, со цел земјоделците да ги дознаат правата и обврските кои ги нуди начинот за паушално оданочување објаснува Петко Колчакоски – управник на регионална дирекција УЈП-Битола. „Постапката и условите за регистрација се исти без разлика дали станува збор за вршење на земјоделска дејност како основна или дополнителна...

Continue reading

Избрано идејното решение за Конгресниот центар во Охрид

Post Views: 18 Архитектката Ивана Ралевиќ е автор на победничкото идејно решение за Конгресниот центар. Објектот треба да го гради Елем на атрактивна локација во охридската населба Далјан. Електрани на Македонија (ЕЛЕМ)  ги објави резултатите од конкурсот за избор на најдобро авторско дело за реализација на проектот. Градбата ќе се состои од една голема сала со капацитет од 1.500 до 2.000 седишта и од четири до шест помали сали со капацитет за 200 лица.   Следната фаза на ЕЛЕМ е да го избере проектантското биро што ќе го подготви основниот проект. До ЕЛЕМ било доставено само едно...

Continue reading

Ново поскапување на горивата

Post Views: 7 Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ-V) за 74, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и понатаму останува 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,046 денари за килограм...

Continue reading

Лазаревска: Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ резултира со целосна деградација на македонското образование

Post Views: 1 Незнаењето на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ кулминираше со безмилосно трошење на народните пари на “проекти“ од типот : „Компјутер за секое дете“, екстерно тестирање и оценување на учениците и наставниците , целосно нефункционална Кембриџ програма, пренатрупаност на наставниот кадар со двојна администрација и многу “проекти“ кои на крајот резултираа со целосна деградација на македонското образование, обвини кандидатот за пратеник од СДСМ, Жаклина Лазаревска. Новата влада предводена од СДСМ и коалицијата ќе спроведе итни промени, за европско образование, кажа Лазаревска. Таа наброја...

Continue reading

Земјен пат и дупки како кратери во населбата Горно Трно

Post Views: 22 Земјен пат со нерамнини и дупки како кратери. Ваков е дел од патот во населбата Горно Трно, четврта урбана единица Охрид. Жителите на овој потег, го пријавија овој урбан проблем во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.   Пред осум години поголемиот дел од делницата која води од касарната кон Лескоец е асфалтирана, но асфалтот завршува веднаш после фабриката Еко Шпар. Останатите два километри до ЕМО се оставени така, комплетно заборавени – пишуваат граѓаните. На овој потег има десеттина куќи, викендици и неколку фарми. Сопствениците се жалат дека немаат...

Continue reading

ФТУ со нови мерки за практична настава на студентите

Post Views: 9   Околу 500 студенти од ФТУ во 2017 година ќе посетуваат практична настава во хотелите и туристичките агенции, во Охрид. Денес претставници од туристичката фела во просториите на факултетот одржаа состанок за практичната работа на студентите, а исто така потпишаа и договор околу условите под кои ќе се изведува истата. Деканот на факултетот проф. Цветко Андреески истакна дека за наредната година имаат нови идеи кои според него ќе внесат нов квалитет во начинот на изведување на пракса и за хотелиерите и за студентите. „Идејата е хотелиерите да имаат повеќе студенти во...

Continue reading

Внатрешната пловидба, тема на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Post Views: 2 Внатрешната пловидба, тема на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Љубен Арнаудов. Тој наведе дел од проектите содржани во  програмата Реално а кои се директно поврзани со Охрид: Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта за Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро, мобилни пловила за инспекторската служба при капетанија –  Охрид  со цел  зголемена безбедност на езерскиот сообраќај, санација на  неколку...

Continue reading

Facebook овозможи прикажување на анимирани фотографии (GIF)

Post Views: 1 Посебноста на анимираните слики (GIF) со кои ширум светот милиони луѓе се изразуват на единствен и креативен начин отсега е овозможено и на Facebook. Објаснувањето кое досега Facebook го даваше за објавувањата на GIF гласеше дека “ако тоа го допуштиме News Feed ќе се претвори во непрегледно место на општ хаос”. Но, најверојатно во најголемата мрежа на светот во меѓувреме малку го редефинирале поимот за хаос, па така отсега ќе може да се поставуваат GIF, кои ќе се стартуваат автоматски. Секако, ако користите Facebook и сакате GIF анимации, а не сакате автоматски да стартуваат,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top