ВМРО-ДПМНЕ: Екстерното тестирање е успешен проект

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, реагираат дека екстерното тестирање е успешен проект. Целта на овој проект е учениците да се мотивираат за стекнување знаења и вештини, а не само за добивање на високи оценки, а на наставниците им обезбедивме услови за непристрасно и објективно оценување без притисоци, се вели во писмената реакција на пресот на СДСМ.

 |   | 

„Имплементиравме  концепт  на бесплатно образование, бесплатни учебници  во основното и средното образование, бесплатен превоз за учениците, бесплатен интернет, наставни програми Кембриџ, интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, изучување на македонскиот јазик за деца на иселениците, проект безбедни училишта, наградување на учениците преку неколку типа на ученички стипендии, меѓу кои во учебната 2015 2016 година стипендии и за учениците од Спортската Академија“, велат од ВМРО ДПМНЕ. Во реакцијата наброени се мерки и во делот на високото образование како отворање на нови факултети, намалување на партиципацијата, олеснување на постапката за нострификација на дипломите стекнати во странство, преведување на огромен број научна и стручна литература, зголемување на студентските стипендии и друго.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top