• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Внатрешната пловидба, тема на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Внатрешната пловидба, тема на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Внатрешната пловидба, тема на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 

Внатрешната пловидба, тема на денешната прес конференција на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Љубен Арнаудов. Тој наведе дел од проектите содржани во  програмата Реално а кои се директно поврзани со Охрид: Брод за чистење на езерското дно, одржување на пловни патишта, поставување сигнализација на пловни патишта за Охридското Езеро, Преспанското Езеро и Дојранското Езеро, мобилни пловила за инспекторската служба при капетанија –  Охрид  со цел  зголемена безбедност на езерскиот сообраќај, санација на  неколку пристаништа и платформи по езерото меѓу кои и Свети Наум, Трпејца и Пештани, проектирање и изградба на наутичка карта за Охридското Езеро и други.

„Eден од најзначјаните проекти во Охридското Езеро несомнено е Проектирање и изградба на марина во Охрид.  Проект кој ќе се реализира од 2018-2020 година и ќе чини вкупно 2 милиони евра. Идејните решенија за изработка на марината се избрани, се предвидува изработка на проектна документација. Овој проект ќе биде финансиран од МЕПСО, а се гради со цел да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти, како и да се излезе во пресрет на потребите од зголемен број на пловни објекти во иднина. Ќе се гради со најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти (едрилици, глисери, чамци и слично), 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за маневрирање. Исто така се предвидува марината да биде комплекс кој што ќе има  и други содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор.Несомнено програмата РЕАЛНО е најсоодветно четиво за сите области вклучувајќи ги водените басени во Република Македонија и токму преку оваа програма ВМРО ДПМНЕ е поблиску до граѓаните“, истакна  Љубен Арнаудов кандидат за пратеник ВМРО ДПМНЕ.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top