Има или нема „Амин“ за Facebook?

Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна.

logo
лого

Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна.

логоСоцијалните мрежи не се баук туку се дел од секојдневната култура на живеење, изјави владиката на Европската епархија Пимен, откако „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално му забрани на свештенството да користи Фејсбук.

Освен од владиката Пимен, реакции токму на Фејсбук за оваа забрана имаше и од повеќе свештени лица што имаат свои профили на оваа социјална мрежа, меѓу кои и отецот Ивица Тодоров.

Владиката Петар, пак, веќе најави дека ако се открие дека некој свештеник води двоен живот и шири лажен морал, ќе биде суспендиран.

– Одлуката за забрана за свештениците, монасите и на владиците на МПЦ да ги користат социјалните мрежи, која е актуелна деновиве, а е по иницијатива на владиката Петар, не е особено продуктивна кога станува збор за да се има чувство за современиот миг на живеење. Сакаме да имаме подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушнеме нивните размислувања. Зошто да се исклучиме од Фејсбук? Во каков тренд би се вклучиле ако целосно екскомуницираме – вели владиката Пимен во изјава за МИА.

vladiciОсвен него, со свое гледање на оваа забрана се огласи и отецот Ивица Тодоров, кој смета дека ваквата одлука е крајно нејасна и недефинирана. Тој е еден од поактивните свештеници на социјалната мрежа. Секојдневно споделува информации за значењето на празниците, за нивната прослава. Отецот Тодоров држи и верски предавања и многу често со верниците дебатира за верското учење, значењето на етиката, моралот и друго.

– Секој посветен и искрен Христов ученик и член на неговата црква, без разлика дали припаѓа во рамките на службеното свештенство (епископи, презвитери, ѓакони) или, пак, во рамките на царското свештенство (лаикосот или верниот новозаветен народ божји), знае дека злото не постои само по себе, туку тоа е плод на недобриот избор – смета презвитерот Тодоров.

Тој во својата објава на Фејсбук напишал дека ништо во овој свет не е зло само по себе, туку злиот избор нештата ги прави зли.

– Фејсбук е добро и зло во иста мера колку што се добри и зли луѓето што го користат. Се ставам самиот на располагање, со својот личен пример и искуство да ги засведочам сите позитивни нешта што може да се искористат во современата мисија. Подготвен сум и да проговорам за темната страна на социјалните мрежи што имаат за цел да ја поттикнуваат и хранат озлобената, духовно-успиената и гревовната состојба кај оние што сакаат да бидат тоа што избрале да бидат – додава отецот Ивица.

Реакциите и коментарите во јавноста следуваат откако пред неколку дена „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално им забрани на свештениците и на монасите да го користат Фејсбук. Решението во писмена форма било доставено до великодостојниците, а на него пишува и рок до кога треба да се исклучат од социјалната мрежа. Црковни извори, пак, за нашиот весник изјавија дека ограничувањето треба да важи особено за оние што изминативе неколку месеци искажувале лични ставови на Фејсбук и коментирале за политичките состојби во државата.

Инаку, МПЦ ќе расчинува свештеници за користење Фејсбук. Г. Петар изјави дека ограничувањето треба да важи само за конкретната социјална мрежа, а не и за веб-страниците, блоговите.

– Веќе откривме неколку лажни профили на свештеници и монаси на Фејсбук. Тоа не е според православните начела. Ако се утврди дека некој свештеник ја злоупотребува социјалната мрежа и таму води двоен живот, ќе биде суспендиран. Токму тие не треба да прикажуваат лажен морал пред верниците – изјави владиката Петар за „Нова Македонија“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top