Земјен пат и дупки како кратери во населбата Горно Трно

Жителите од населбата Горно Трно Четврта урбана единица Охрид бараат асфалтирање на земјениот пат кон Лескоец долг 2 км. На овој потег има десеттина куќи, викендици и неколку фарми. Сопствениците се жалат дека немаат пристап. Од општина Охрид ветуваат негово уредување идната година.

 |   | 

Земјен пат со нерамнини и дупки како кратери. Ваков е дел од патот во населбата Горно Трно, четврта урбана единица Охрид. Жителите на овој потег, го пријавија овој урбан проблем во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.  

Пред осум години поголемиот дел од делницата која води од касарната кон Лескоец е асфалтирана, но асфалтот завршува веднаш после фабриката Еко Шпар. Останатите два километри до ЕМО се оставени така, комплетно заборавени – пишуваат граѓаните.

На овој потег има десеттина куќи, викендици и неколку фарми. Сопствениците се жалат дека немаат пристап.

Жално е денес да молиме за асфалт и пристапен пат. Ги искршивме автомобилите, пишуваат револтирани жители, кои неколку пати барале од надлежните да го доуредат овој патен правец.

Велат станува збор за важна урбана делница, која ја користат врботените во фабриките во индустриската зона. Доколку соодветно се уреди овој патен правец ќе го олесни движењето кон Лескоец и фабриките.

Од општина Охрид велат:

Овој патен правец не е во годишната програма на општина Охрид за 2021, но следната година ќе биде вметнат и планирано е негово уредување

Ова е само еден од многуте инфраструктурни и урбани проблеми кои граѓаните секојдневно ги пријавуваат во рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија.

 

 

Новинар Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top