Во тек е регистрацијата на земјоделците во Управата за јавни приходи

За начинот и постапката за регистрирање, Упаравата организира обуки во сите градови од републиката, со цел земјоделците да ги дознаат правата и обврските кои ги нуди начинот за паушално оданочување.

 |  Крсте Голабовски  | 
ujp
ujp

Граѓаните на Општина Струга и Охрид, кои во текот на 2011 година се занимавале со земјоделска дејност треба да поднесат пријава за регистрација на обврзници кои оствариле приход од земјоделска дејност. За таа цел Упаравата организира обуки во сите градови од републиката, со цел земјоделците да ги дознаат правата и обврските кои ги нуди начинот за паушално оданочување објаснува Петко Колчакоски – управник на регионална дирекција УЈП-Битола.

„Постапката и условите за регистрација се исти без разлика дали станува збор за вршење на земјоделска дејност како основна или дополнителна дејност на граѓанинот. Земјоделецот пак кој во 2009/10 извршил регистрација за даночен обврзник, оваа година е должен да пополни пријава запаушално оданлочување, односно барање за остварените приходи во тековната година“ додава Колчакоски.

ujpСите земјоделци кои ќе се регистрираат за паушално оданочување, според законот исто така ќе уживаат поволности и бенефиции, бидејќи оние кои регуларно и легално ќе ги предадат своите производи на откупувачите на земјоделски производи, ќе може да се осигураат кај еден од фондовите, како Фондот за пензиско и Здравствено осигурување, а средствата кои треба да ги платат за пензиско и здравствено осигурување се минимални и изнесуваат 1536 денари месечно. Покрај ова тие ќе може да ги користат субвенциите од буџетот на РМ за развој на оваа стопанска гранка, кажува Колчакоски.

„Доколку не ги предадат не се регистрирани како даночни обврзници, тој откупо н е е легален, во тој случај нема да можат да ги користат овие поволности, затоа е препорачливо истите легално да ги предадат своите производи на откупувач кој исто така легално врши откуп и плаќање врши преку трансакциските сметки каде прометот се ригистрира и кај откупувачот и кај продавачот во тој случај земјоделците ќе може да го искористат правото на субвенции“, објаснува управникот.

Од Управата информираат дека граѓаните кои поседуваат земјоделски имот, а не остваруваат никаков приход од истиот треба да ја запазат постапката за регистрација и да поднесат барање односно пријава во зависност дали се регистрирани или не, а УЈП нема да ги задолжи со плаќање на персонален данок од добивка. Рокот за поднесување на барање за паушално оданочување и пријава за регистрација до УЈП заклучно со 31.12. 2011 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top