Post Views: 0
Општина Охрид и Општина Дебрца се подготвени за спроведување на предвремените парламентарни избори , велат од ДИК. Утре ќе гласаат внатрешно раселените лица, осудениците, војската, болните и немоќните лица. Во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија ќе гласа дијаспората. Општина Охрид има 89 избирачки места. Објектите каде ќе се гласа се скоро истите како за изборите во 2014та. Има измена само на две избирачки места за што граѓаните навремено се известени.
Избирачкиот список е во кондиција да ги спроведи предвремените парламентарни избори. Оние проблеми...
Post Views: 1
Носителот на 5 ИЕ Антонијо Милошоски на денешната прес конференција од охридскиот плоштад даде завршна изјава, односно порака до македонскиот народ. Милошески истакна дека двегодишната политичка криза, по два дена ќе биде решена со достоинствени и мирни избори и со почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани додаде Милошоски.
„Стабилна, унитарна Македонија со еден официјален јазик, со политичка стабилност и со желба и план за економски напредок. ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија она што го има како сознание од...
Post Views: 0
Партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претрпе сериозен “пораз” на неделните парламентарни избори и го изгуби апсолутното мнозинство кое веќе 13 години го има во парламентот, со што се закопани сите негови надежи дека ќе ја зајакне власта во земјата.
Спрема официјалните податоци по пребројувањето на скоро сите гласачки ливчиња, 98%, исламско-конзервативната партија на правдата и развојот (AKP) очекувано победи, но освои само 41% од гласовите и 259 од 550 места во парламентот, поради што ќе мора да има коалициска влада.
Курдската Народна демократска партија...
Post Views: 1
Фрустрацијата на СДСМ како што доаѓа се поблиску изборниот датум очигледно кулминира. Замислете на еден ваков голем христијански празник да се користат лаги, небулози и несоодветни вокабулари се со цел да се добие одреден политички поен е крајно неетички и неморално,се вели во писмената реакција на ОК на ВМРО ДПМНЕ на изнесеното на пресот на СДСМ за состојбите во македонското здравтво.Реакцијата ја пренесуваме во целост: Да зборувате за Општата болница во Охрид во негативен контекст е повеќе од дегутантно, особено денес кога самата Општа болница може да се престави како...
Post Views: 5
Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид. При тоа кажа времето на владеење на оваа власт од една деценија е доволен период да ги видиме резулатите. Доколку погледнеме што е направено за овие десет години ќе сфатиме дека 10 години живеевме во една недемократска држава. Каде што не владееше правото и се газеше човечкото достоинство и вредности. Бошковски при посетата на Охрид, за време на чествувањето на Св.Климент, потсети на она што било напрвено за време на владеењето на поранашната Влада на Љупчо Георгиески во периодот 1998...
Post Views: 7
Со измените на Кривичниот законик, ќе се воведе хемиска кастрација за педофилите, а затворските казни ќе се зголемат, најави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на денешната јавна расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на кривичниот Законик.
Според статистиката затворските казни се мали и недоволни. Досега има 139 осудени лица со правосилна пресуда за педофилија. Од нив 35 лица добиле затворска казна од 4 години, просечната казна е 6 години и ова е доволен аргумент за ниските казни. Поради тоа предложивме антитестостеронски третман, односно...
Post Views: 2
Состојбата во охридската Општа болница секојдневно станува се‘ поалармантна, затоа што пациентите се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови. Нема греење, хигиенските услови се очајни, ги нема потребните лекови, ги нема потребните медицински материјали, ги нема потребните лекари специјалисти, кажа на прес конференција Томислав Тунтев, кандидат за пратеник од СДСМ. Тунтев додаде дека неколку милиони евра народни пари до сега напразно и криминално биле потрошени за охридската болница.
Власта пред 3 години рече дека инвестицијата за општата болница чинела вкупно 4,3...
Post Views: 4
Матна вода. Деновиве водата за пиење во Струга се замати. Стружани загрижени поради таквата состојба. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека досега никој не излегол да соопшти на што се должи таквата состојба. Првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека е запознаен со проблемот поради кој се замати питката вода и ја појасни причината за тоа.„Поради сушата во Беличките извори деновиве нагло дојде вода и ја поремети состојбата на водата, а имало и тектонски поместувања на тоа место. Но водата иако е матна не е штетна нема опасни примеси,...
Post Views: 0
Кандидатот за пратеник Сашо Василески, на денешната прес конференција каде што се одвиваат градежниите работи околу автопатската делница Кичево, Охрид најави дека од напролет ќе почне изградбата на автопатското решение од Требеништа кон Струга а набрзо во 2017 ќе се почне со изградба на автопатот Кичево, Гостивар, така што Охрид до 2012 година, со Скопје и Европа ќе биде поврзан со модерен брз сигурен автопат.
„Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните...
Post Views: 1
Во чест на одбележување на патронатот на градот Охрид, Лајонс клубот Лихнидос одржа повеќе активности. Беа откриени две спомен плочи во кругот на црквата Богородица Перивлепта. Едната посветена на Михајло Пупин донаторот на камбанаријата во црквата Перивлепта. Другата, покрај кочаџикот стар 130 години засаден од Григор Прличев и охриѓани кон крајот на 19 век. Со овие две спомен обележја Лајонс клубот Лихнидос има за цел да ги потсети охриѓани на минатото од градот, истакна Зоран Тунтев од Лајонс Клуб Лихнидос.
„Преку клубот одлучивме да му дадеме достојна почит...
Post Views: 0
На социјалните мрежи се појави видео од плажата Градиште во Охрид. На видеото кое се појави на инстаграм брзо се прошири и на другите социјални мрежи.
На видеото може да се види како комбе е влезено во Охридското езеро. Според првични информации на социјалните мрежи човекот пробал да извлече чамец, но брановите го зафатиле и се заглавил.
Граѓаните кои се најдоа на плажата се обидуваа да му помогнат и да го извлечат од езерото.
Погледнете го видеото на следниот линк
Post Views: 2
Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон, свети Климент Охридски – Чудотворец кој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет. Денес охриѓани го посетија светиот храм на Плаошник со цел да се поклонат пред моштите на овој светител и да...