Откриени две спомен плочи во дворот на црквата Перивлепта

Откриени две спомен плочи во дворот на црквата Перивлепта.

 |  Валентина Неловска  | 

Во чест на одбележување на патронатот на градот Охрид, Лајонс клубот Лихнидос  одржа повеќе активности. Беа откриени две  спомен плочи во кругот на црквата Богородица Перивлепта. Едната посветена на Михајло Пупин донаторот на камбанаријата во црквата Перивлепта.  Другата, покрај  кочаџикот стар 130 години  засаден од Григор Прличев и охриѓани кон крајот на 19 век. Со овие две спомен обележја Лајонс клубот Лихнидос има за цел да ги потсети охриѓани на минатото од градот, истакна Зоран Тунтев од Лајонс Клуб Лихнидос.  

„Преку клубот одлучивме да му дадеме достојна почит на светото дрво кое е засадено во 1886 година. Охриѓани го засадиле како почит од 1000 годишнината на смрта на првиот учител Св. Методиј  и денсе има историски контекс, засадивме ново со кое го означуваме 1100 годишнина од смрта на духовниот лидер Св. Климент Охридски  и заедно со идејата на Михајло Пупин  кој е зборавена величина кој во минатото на Охрид оставил трага , а за тоа не знаат ни охриѓани ни гостите кои доаѓаат“, потсети  Тунтев.   

Со поставување на спомен обележјето кај камбанаријата членовите на клубот ги  потсетуваат охриѓани на делото на светскиот научник од минатиот век  кој го помагал економскиот развој на Охрид по Првата светска војна. Со помош на негов донаторски фонд  се изградени камбанаријата, го финансирал и леењето на најголемото ѕвоно во тоа време на Балканот,  женското училиште Радничка, а основал и фонд за помош на сиромашни, но талентирани деца.  Камбанаријата и ѕвоното се изградени во 1923 година. За  заложбите на  Махајло Пупин да им помогне луѓето од крајот каде што потекнуваат неговите предци, зборуваше и проф. д-р Павле Митрески. Професорот Митрески потсети и на политичкиот ангажман на Пупин за Македонија, земјата на неговите предци.

„На Париската конференција во 1918 година, на Мировниот договор, Пупин инсистирал Македонија да добие автономија и самостојно се бори за таа  заложба“, појаснува Порф д-р Павле Митрески.

При откривањето на спомен плочата на Михајло Пупин беа присутни голем број охриѓани, меѓу кои беа  и двајца  потомци од лозата на семејството Пупин. Стефан Пупин, негов потомок кој живее во Белград, порача во училиштата повеќе да се изучува за научникот Пупин. Денес децата имаат погрешни идоли.  

„ Сите наши деца да учат и да сфатат дека од овчар може да стане и научник“, порача Стефан Пупин.

Во рамките на чествувањето на празникот Св. Климент, патронот на Охрид, покрај овие активности беа  посадено покрај старото и ново дрво кочаџик и организирана  изложба од стари фотографии од Охрид во периодот 1920 -1930 година.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top