Љубе Бошкоски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид.

Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Љубе Бошковски носител на пратеничка листа за 5 -та изборна единица го посети Охрид. При тоа кажа времето на владеење на оваа власт од една деценија е доволен период  да ги видиме резулатите. Доколку погледнеме што е направено за овие десет години ќе сфатиме дека 10 години живеевме во една недемократска држава. Каде што не владееше правото и се газеше човечкото достоинство и вредности.  Бошковски при посетата на Охрид, за време на чествувањето на Св.Климент, потсети на она што било напрвено за време на владеењето на поранашната Влада на Љупчо Георгиески во периодот 1998 до 2002 година и што направила сегашната власт   во едно деценискиот период на владеење.  

„ Денес гледаме дека патот до Пештани сеуште не се гради , а поминаа 10 години. Во инфраструктурата ништо не се иневестира. Гледаме програма од 400 -500 страници, препишани исти дела кои не се направени, а се понудени кои треба допрва да се  реализираат. Во нашата држава треба да престане да се употребува терминот треба и да почнеме да работиме за доброто на Македонија. Гледаме дека за покриен базен не е ни удрен камен темелник. Ние мораме да им гарантираме  иднина на граѓаните на РМ. Само така може да ја вратиме младоста и иселениците во Македонија. Сакам да потсетиме  дека за време на владеењето на Љупчо Георгиески, тие луѓе еднаш направија нешто за Македонија, ако тогаш ја браневме и градевме Македонија, сега како зрели политичари, со политичкото искуство може да понудиме решение за РМ“, кажа Љубе Бошковски.   

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top