Василески: Охрид до 2020 година со Скопје ќе биде поврзан со модерен и сигурен автопат

ВМРО ДПМНЕ и во следниот мандат ќе се посвети на изградба на квалитетна инфраструктура за подобрување на животот на граѓаните и на економските перспективи на државата.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Кандидатот за пратеник Сашо Василески, на денешната прес конференција каде што се одвиваат градежниите работи околу автопатската делница Кичево, Охрид најави дека од напролет ќе почне изградбата на автопатското решение од Требеништа кон Струга а набрзо во 2017 ќе се почне со изградба на автопатот Кичево, Гостивар, така што Охрид до 2012 година, со Скопје и Европа ќе биде поврзан со модерен брз сигурен автопат.

„Патната инфраструктура претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата и е од големо значење за подобрување на условите за животот на граѓаните за кои ВМРО ДПМНЕ неуморно ќе продолжи со реализацијата на крупни инфраструктурни проекти. Во тек е изградбата на капиталниот проект автопатот од Кичево кон Охрид. Автопатот од Кичево кон Охрид е комплетно нов автопат во должина од 57 километри и широчина од 26 метри. Овај автопат е дел од Паневропскиот коридор 8. На автопатот ќе се изгради најдолгиот тунел во Република Македонија во должина од 1.990 метри, потоа 7 мостови, 6 надвозници, 13 подвозници, 22 вијадукти. За овој проект предвиден е буџет од 374 милиони евра. Планирано е изградбата да заврши 2018 година. Патната мрежа претставува добра почетна основа за понатамошен развој на државата. Во нашата земја патниот транспорт има најголемо учество во вкупниот превоз на стока и патници и затоа е од големо значење и за животот на граѓаните и за превозниците. Во основа постојната патна конструкција е цврста и со добар квалитет и ќе продолжиме да се залагаме патната инфраструктура во нашата земја да го стигне највисокото ниво на квалитет. Граѓаните ги препознаваат наште реализирани проекти и затоа на престојните избори на 11 декември несомнено ќе ја дадат подршката на ВМРО ДПМНЕ со заокружување на бројот 1

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top