Post Views: 4
Catlin Winner, менаџерката по дизајн во Facebook забележала дека нешто не е во ред кога се во прашање силуетите на мажот и жената кај икончето “friends” и со таа забелешка настанаа промени на изгледот на икончето.
Имено, машката икона претходно имаше големи и широки рамена, додека женската имаше чудно поставени рамена затоа што иконата од мажот била поставена пред неа.
“Претпоставив дека во прашање не е лоша намера жената да биде зад мажот, туку едноставно не се размислувало за тоа. Но, имајќи во предвид дека имам широки рамена, овој распоред ме навреди”, изјавила Winner...
Post Views: 0
Охридските културно историски локалитети, атрактивни и најпосетувани од страна на туристичките групи и бројните гости, омилени и за крадците. Тоа посебно е изразено во летниот период како и за време на екскурзиските посети. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски вели дека генерално гледано во текот на летната туристичка сезона се зголемува бројот на кражбите.
„Пред секоја туристичка сезона СВР се организира малку подобро, целокупниот полициски состав се анимира во насока на подобрување на безбедносната состојба, заштита на охриѓани и на туристите кои престојуваат на...
Post Views: 5
Професионалните војници, кои со години бараа зголемување на старосната граница, односно решение како да обезбедат егзистенција по завршувањето на војничкиот ангажман, конечно можат да чекаат пензија на ново работно место.
Откако ќе им завршеа професионалните договори, овие луѓе остануваа на улица. Безброј пати потенцираа дека учествувале во мировни мисии, дека се се уште работоспособни и дека нивното искуство треба да се искористи. Бараа до пензија да бидат вработени во некоја институција. Конечно, нивните барања се реалност. Независниот синдикат на професионалните...
Post Views: 10
Не треба луѓето да ги гледаме површно, треба да ги откриеме какви се во суштина, да им дадеме шанса и да не ги дискриминираме. Ова е пораката на група млади средношколци од четврта година од средното училиште „Св Кирил и Методиј“, кои за два месци успеаа да подготват получасовна претстава насловена „Чичко, ми се скинаа патиките, дај позајми ми ги влечките“. Насловот на пртставата е интересен, невообичаен а во него се кријат реални дејствија од животот, вели Кирил Андоновски.
„Се трудевме да направиме настан поразличен од обичниот. Ќе има најразлични содржини, свирење,...
Post Views: 2
Во првото тромсечие во земјава се откриени 4 нови случаи на Хив позитивни лица, но за среќа во Охрид состојбата е непроменета. Засега во регионов се регистрирани 3 Хив позиитвни лица.Станува збор за една девојка и две машки лица, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемиолог од охридскиот Центар за јавно здравје .
„ Во секоја подрачна единица каде што е надлежен Центарот за јавно здравје, Охрид, Струга и Дебар има по едно лице хив позитивно. Тие се на возраст од 30 до 40 години“, напоменува д-р Стурлакова Коровешоска.
Минатата година во Струга бил откриен...
Post Views: 3
Во Струга поради снегот прекинат е и образовниот процес во средните и основните училишта. Многу планински села се непроодни и отсечени од градот. До нашата редакција пристигнуваат бројни дописи и јавувања од стружани кои се загрижени за состојбата со снегот и нерасчистените патишта, а некои сметаат дека во градот треба да се прогласи и вонредна состојба. Само за пример, на 14 километри од Струга во Охрид, состојбата е сосема различна. За тоа се грижи охридското комунално претпријатие.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Дебарско – кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, 31-ви март, во црквата Успение на Пресвета Богородица Каменско, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).
На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
Post Views: 0
На само половина месец пред Велигденските празници охриѓани очекуваат поскапи јајца и јагнешко месо. Иако сметаат дека сеуште е рано да се зборува за тоа, велат дека досегашната пракса од минатите години покажува дека пазарот за Велигден е поскап, во однос со останатите денови.
„Муслиманите кога е Бајрам ги спуштаат цените, а нашиве ги зголемуваат. Јајцата треба да се дури и поефтини од сега. Еднаш во годината е Велигден треба да имаме христијанска душа.Незнам дали ќе се зголеми цената, од каде да знам.Што не е поскапено, се поскапуваКако и секоја година кога ќе дојде...
Post Views: 3
Кризата во Македонија е завршена, смета високиот претставник на Меѓународната заедница на ЕУ, Евро амбасадорот Самуел Жбогар. Тоа се чуствувало преку граѓаните на Македонија, кај кои се чуствувало олеснување, барем според нивните забелешки.
„Истовремено, не само олеснување, во вашата земја сите ние почуствувавме дека има едно возбудување, еден вид на оптимизам кој што се чуствува во целата земја за тоа дека можеме конечно да тргнеме кон подобра иднина за Македонија. Се разбира дека за овој оптимизам тоа што е потребно да се направи е да се одржи во живот“ – вели...
Post Views: 1
Охриѓани, граѓанските организации и институции како главен проблем за регионот го посочуваат проблемот со отпадот. Покрај овој проблем тие исто така укажале од неопходноста да се почитуваат барањата на Унеско во однос на градењето во Охрид, како и од штетноста на масовниот туризам за регионот. Здружението за заштита на животната средина Еден спроведе консултативните средби со овие три групи со цел да изградат Стратегија за развој на регионот, а сите овие чинители да учествуваат при донесувањето на одлуките, напоменува Драгана Велковска од Здружението Еден.
„Главен проблем...
Post Views: 0
Охридските чинари конечно ќе бидат заштитени. Локалната изготви проект за ревалоризација и ревитализација на седум платанови стебла во градов кои со Законот за заштита на природните реткости од 1973год. се прогласени за споменици на природата. Проектот предвидува утврдување на состојбата на чинарите, изработка на елаборат за нивна ревалоризација, како и мотироинг и конзерваторски мерки за санација на чинарите кои се заштитен знак на Охрид. Тендерот го доби Друштвото за еколошки консалтинг Деконс-Емо од Скопје.
Знаете дека подолго време траеше таа сага околу чинарите...
Post Views: 4
Портпаролот на грчката влада, Габриел Сакеларидис, изјави дека Грција е уверена дека може да постигне договор со меѓународните кредитори, а кој може да добие зелено светло во грчкиот парламент.“Уверен сум дека договорот ќе добие поддршка на парламентарната група на Сириза и владеачката коалиција”, рекол портпаролот за грчката телевизија Антена.“Владата чини сè што може за да постигне договор и да го заврши овој период на неизвесност” рекол Сакеларидис.Спрема пишувањето на Катимерини наместо очекуваните 0,5% за оваа година, месеци на неизвесност и две недели ограничување...