Дали ќе поскапат јајцата за Велигден?

Граѓаните сметаат дека цената на јајцата ќе се зголеми во пресрет на Велигденските празници. Велат дека трговците го чекаат токму празникот за да печалат. Производителите пак не најавуваат поскапување на јајца. Тие убедуваат дека јајца ќе има во доволна количина.

 |  Николоска Биљана  | 

На само половина месец пред Велигденските празници охриѓани очекуваат поскапи јајца и јагнешко месо. Иако сметаат дека сеуште е рано да се зборува за тоа, велат дека досегашната пракса од минатите години покажува дека пазарот за Велигден е поскап, во однос со останатите денови.

„Муслиманите кога е Бајрам ги спуштаат цените, а нашиве ги зголемуваат. Јајцата треба да се дури и поефтини од сега. Еднаш во годината е Велигден треба да имаме христијанска душа.
Незнам дали ќе се зголеми цената, од каде да знам.
Што не е поскапено, се поскапува
Како и секоја година кога ќе дојде Велигден обавезно се зголемува цената за 20 до 30%, што според мене не е во ред. Тогаш трговците сакаат повеќе пари да фатат“ – велат граѓаните.

Одгледувачите на живина од Охрид не најавуваат зголемување на јајцата. Тие убедуваат дека се уште не се чувствува недостигот на јајца, но не е исклучена можноста тоа да се осети неделата пред Велигден, кога ќе има голема побарувачка поради адетот со бојадисување.

Цената на јајцата е таа нема што да се покачува, засега нема таква најава,сметам дека цената е реална.

Сега засега не се знае ништо останува иста цена.

Во моментот во охридскиот пазар цената на јајцата се движи од 150 до 220 денари, додека пак во маркетите едно јајце чини околу 6,7 денари, односно цената на табла со 30 јајца големина L е 200 денари. Во некои супермаркети цената на јајце достигнува и до 8 денари за парче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top