Во Охрид нема откриени нови случаи на ХИВ позитивни лица

Во  Охрид  нема откриени  нови случаи на ХИВ позитивни лица

 |  Валентина Неловска  | 

Во првото тромсечие во земјава се откриени 4 нови случаи на Хив позитивни лица, но за среќа во Охрид состојбата е непроменета. Засега во регионов се регистрирани 3 Хив позиитвни лица.Станува збор за една девојка и две машки лица, информира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска епидемиолог од охридскиот Центар за јавно здравје .

„ Во секоја подрачна единица каде што е надлежен Центарот за јавно здравје, Охрид, Струга и Дебар има по едно лице хив позитивно. Тие се на возраст од 30 до 40 години“, напоменува д-р Стурлакова Коровешоска.

Минатата година во Струга бил откриен случај на Хив позитивно лице, а последниот откриен случај во Охрид бил во 2008 , а во Дебар пред 7 години, кажува епидемиологот. Сите редовно се контролираат на Инфективната клиника и примаат антивирусна терапија која им го продолжува животот, вели д-р Коровешоска. Советувалиштето за сексуално репродуктивно здравје во Центарот го посетуваат лица од 20 до 55 години.

„ Младите и оние кои припаѓаат на ризичните групи доаѓаат често и доброволно да се тестираат. Знаат дека тестовите се безплатни и анонимни, а добиваат информации и советувања пред и по тестирањето“ појаснува д-р Коровешоска.

Во првототромесечиеод годинава се тестирале 18 лица, од кои 5 девојки и 13 машки лица. Во 2016 бројот на тестирања изнесувал 150 лица за Охрид , Струга и Дебар.
За три децении, од 1987 година до денес, во Центарот за јавно здравје Охрид се регистрирани 6 случаи на Сида од кои сите се починати и 3 Хив позитивни лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top